Шекеринска за Каракачанов: Вака не комуницираат сојузнички во НАТО


 Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека помина времето кога министри за одбрана во регионов даваат изјави како таа што ја изнесе бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а некој да ги смета за сериозни и оти таквиот начин на комуникација не доликува на земји-членки на НАТО. – Македонскиот јазик, македонскиот народ се реалност и […]

Царовска: Се расфрламе со пари греејќи училници за еден наставник


Можно е наставниците да се вратат дома и да држат часови, за да не мора да се загрева цела училница за еден наставник, рече во Кочани министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и […]

Има ли живот за Пошта по ерата на ДУИ


Повеќе од деценија и пол управување со некое акционерско друштво, па макар тоа било и во државна сопственост, е можност да се направат големи работи – да се преструктуира работењето, да се подготви за неминовната конкуренција, да се осовременат процесите… Но, наместо тоа, луѓето кои беа назначувани на раководни места по предлог на ДУИ, во […]

Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на Еуростандард“, вели Извршниот директор во ММФ, Де Ланој


Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем, смета извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Антони де Ланој. Де Ланој, кој е член на Извршниот одбор на ММФ и е задолжен за Северна Македонија, на […]

Австрија тестираше 20.000 луѓе во еден ден, 1.958 се позитивни


  Во Австрија бројот новозаразени со корона вирус е близу 2.000, а од крајот на февруари во оваа земја не е забележан толкав број. Имено, Австрија регистрира рекордни 1.958, но тестираше 21.077 граѓани, па бројот на позитивни е нешто под 10 отсто. Најмногу заразени се во Виена, а потоа Долна Австрија, па Горна Австрија. Во […]

(Во живо) Прес на Антикорупциска


Државната комисија за спречување на корупција ќе одржи тематска прес-конференција во врска со Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија–2020 година. https://www.facebook.com/359477174168894/videos/816072479172588/?__tn__=F

Со онлајн наставата децата стануваат подостапни и за онлајн криминалците


Државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска порача денес дека криминалците не се повлекоа поради пандемијата туку напротив се прилагодија и го сменија начинот на своето делување. На форумот на Националната конвенција за ЕУ во Македонија, насловен „Пандемијата и безбедноста – како натаму?“, таа соопшти дека најзастапени во овој период се делата поврзани со тешки кражби  […]

Од почетокот на ковидкризата без работа останале 43.627


Агеницјата за вработување на крајот на септември 2020 година регистрира 151.359 невработени лица. Во евиденцијата на невработени според обjaвените податоци од почетокот на ковид-кризата бројот на невработени е поголем за 43.627 лица. Од Агенцијата појаснуваат дека со состојба на 30 септември 2020 година евидентирани се 14.819 невработени лица по основ на прилив од работен однос […]

ГАП ги затвора своите продавници во Европа


Поради тешкотии во работењето, американската марка за облека ГАП треба да затвори од 120 продавници во Европа. ГАП ќе го напушта стариот континент. Присутен во Франција, но и во Италија и Велика Британија, американскиот бренд ќе ги затвори сите свои продавници во Европа, пишува париски „Ле Монд“. Вкупно, речиси 120 продажни места се опфатени со […]

Твоја партија бара одговорност за Ејуп Рустеми место нова функција


Твоја партија бара одговорност од актуелниот директор на „Пошта“ , Ејуп Рустеми за кого вчера премиерот Зоран Заев рече дека ќе стане директор на ЈП за државни патишта на местото на Зоран Китанов. Од Твоја партија велат дека пред да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие, Ејуп Рустеми, според Законот за јавните претпријатија, […]

Полициски час и пусти улици – Словенија со 1.323 новозаразени


Во вторникот во 21 часот, прв пат во историјата на независна Словенија, стапи на сила полициски час, кој трае од 21 до 6 часот наутро. Ваквата драстична мерка, која оваа земја не ја примени во првиот бран на епидемијата, сега е оправдана со новите денешни 1.323 заболени од Ковид-19, во последните 24 часа. Од полноќ […]

Хрватска има 1.424 новозаболени, починаа 11


Националниот штаб на Хрватска ги објави најновите податоци, а денеска бележат рекорд со 1.424 новозаболени, а има и 11 починати пацинети од последиците на Ковид-19.. Активни се 6.459 случаи, меѓу кои 622 пациенти на болничко лекување, од кои 38 на респиратор. Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска се забележани 28.287 заразени, 393 починаа, а […]

И оценувањето ќе биде онлајн


Бирото за развој на образованието доставило препорака до сите училишта оценувањето да биде онлајн, велат од Бирото за порталот факултети.мк.Причина за ова е влошената епидемиолошка состојба. „Предвидени се средби со физичко присуство на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на […]

Најмалку 15 жртви во стампедо пред конзулат во Авганистан


Најмалку 15 лица загинаа во стампедо пред пакистанскиот конзулат во Џалалабад, каде околу 3.000 граѓани чекаа ред за виза, соопштија авганистанските власти. Стампедото се случило вчера кога насобраните луѓе почнале да се туркаат едни со други. Вкупно 11 од 15-те жртви се жени, а меѓу повредените има неколку постари граѓани, соопшти Сохраб Кадери. – Барателите на виза се туркаа за да добијат жетон […]

Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист


Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист и заменик директор во Театарскиот институт во Прага, соработник во тимот на Прашкото квадриенале за сцeнски уметности во Чешка ќе се одржи вечер во 19 часот во организација на Македонскиот центар на ИТИ / ПРОДУКЦИЈА, под покровителство на Амбасадата на Чешка, Министерството за култура и АТИ […]

Во Скопје 509 санкционирани возачи, од нив 75 за пречекорена брзина


 Изречени се вкупно  509 санкции во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените полициски контроли во областа на сообраќајот. Од МВР денеска соопштија дека за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 75 прекршоци, изречени се 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас. […]

Бразилскиот министер за здравство е болен, постои сомнеж дека има Ковид-19


Бразилскиот министер за здравство Едуардо Пазуело се разболе и постои сомнеж дека има коронавирус, соопшти Министерството. Тој има треска и ќе биде тестиран за Ковид-19. Пазуело во понеделникот пропушти јавен настан, а претседателот Жаир Болсонаро рече дека не се чувствува добро и оти заминал во болница. Во меѓувреме, тој е пуштен од болница и е дома.

Денови на текстилната индустрија во Штип – промоција на младата генерација


Креативната работа на пет средни текстилни училишта и  Универзитетот “Гоце Делчев” Технолошко-технички факултет од нашата земја ќе биде презентирана преку модна ревија која ќе се случи на 24 октомври 2020 (сабота) во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и […]

Бирото за развој препорачува оценувањето засега да биде онлајн


Поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на наставниците, Бирото за развој на образованието доставило препорака до сите училишта оценувањето да биде онлајн преку платформата, јавува факултети.мк. „Предвидени се средби со физичко присуство на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за […]

Актуелните разузнавачи на САД сметаат дека објавата на писмата на Хантер Бајден не е масло на Русија, поранешните тврдат дека е


Лаптопот со електронски писма на украински бизнисмени, што наводно му припаѓал на Хантер Бајден, син на претседателскиот кандидат Џо Бајден, е прегледан од Федералното биро за истраги (ФБИ) кое заклучи дека Русија не е поврзана со објавата на писмата минатата недела од весникот Њујорк пост. Педесетмина нивни колеги, поранешни високи официјални службеници на разузнавачката заедница, пак го […]