Бразилскиот министер за здравство е болен, постои сомнеж дека има Ковид-19

Бразилскиот министер за здравство Едуардо Пазуело се разболе и постои сомнеж дека има коронавирус, соопшти Министерството.

Тој има треска и ќе биде тестиран за Ковид-19.

Пазуело во понеделникот пропушти јавен настан, а претседателот Жаир Болсонаро рече дека не се чувствува добро и оти заминал во болница.

Во меѓувреме, тој е пуштен од болница и е дома.