Сестрите Делевињ ви наздравуваат со пенливо вино, сега имаат свое Della Vite


Италија– Пoпи, Кара (супермодел) и Клои Делевињ го промовираа своето прво просеко, Della Vite, по две години подготовки. Сестрите ги здружија силите за прв пат да создадат вино од висока класа во Италија, со помош на семејството Бјазиото, кое произведуваше пенливо вино во Италија опфаќајќи три генерации. Зборувајќи за нивниот последен семеен проект, актерката и […]

Докази за ширење на коронавирусот преку воздухот: Патник заразил скоро половина автобус


Едно лице за време на патување со автобус во Кина заразило скоро 25 други патници, иако не биле сите близу до него, покажа истражување кое нуди најнови докази дека коронавирусот се шири преку аеросоли, ситни честички во воздухот. Здравствените власти на почетокот на пандемијата ја отфрлија можноста коронавирусот да се шири и со обично дишење, […]

Дигитализација, опременост на училиштата и професионален развој на кадарот – образовни приоритети во идните четири години


Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем, реформа со фокус да се развива логичкото размислување на учениците, професионален развој и мотивирање на наставниците, подобро опремени училишта и до 1,5 процент издвојување за наука во 2024 се меѓу плановите на Владата во новиот четиригодишен мандат. Врвен национален интерес е да се подигне квалитетот на образованието за […]

Повеќе систем, помалку бирократија – најавени реформи за модерна и ефикасна администрација


Создавање на ефикасна и професионална јавна администрација, базирана на интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники, со цел постигнување на побрза услуга, подобар квалитет и еднаквост во пристапот за сите граѓани и деловни субјекти, најавува Владата во својата програма за работа во периодот 2020-2024 година. За остварување на ова Владата се обврзува дека […]

Измени на сообраќајниот режим во Скопје поради Авицена женска трка


Во Скопје денеска ќе се одржи Авицена женска трка 2020, поради што ќе има измени во сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градски парк. Од СВР Скопје информираат дека одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од […]

Активни 2.235 случаи на Ковид-19, вчера 127 нови случаи, најмногу во Скопје


Од почетокот на епидемијата вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 14.998, оздравени се 12.149 пациенти, починале 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235. Во последните 24 часа се регистрирани 127 нови случаи на Ковид-19, починаа пет лица, оздравени се 95, а направени се 1.574 тестирања, информираа од […]

Сончево со слаб јужен ветер


Времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утрото ќе биде свежо и минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степен. Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степени. Во следните денови […]

Во Данска дури 64 отсто од населението добива струја од алтернативни извори


  Во извештајот на тинк тенк организацијата Ембер наведено е дека во првата половина од годинава во светот десет отсто од населението добивало електрична енергија од ветерници и соларна енергија. Тоа е значително подобрување во однос на периодот од пред пет години кога тоа изнесувало пет отсто. Светски лидер во ова е Данска каде 64 […]

Германскиот виролог Дростен: Времето на самоизолација треба да биде пет дена


  Германскиот виролог Кристијан Дростен од Универзитетската болница „Шерите“ во Берлин смета дека времето на самоизолација треба да се скрати на пет дена. Смета дека со тоа ќе се одржи нивото на прифаќање на епидемиолошките мерки во општеството. Во изјава за Ен-де-ер оцени дека самоизолација од пет дена е на самата граница на епидемиолошки прифатливото, […]

Силен тајфун се движи кон јапонските острови Окинава


Силен тајфун, втор оваа недела, се движи кон островите Окинава на југот на Јапонија. Метеоролозите во последните неколку дена предупредуваа за тајфунот Хаишен, повикувајќи ги луѓето да се подготват за рекордна бура, да набават храна и вода и да бидат подготвени да се засолнат. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека Хаишен, кој рано денеска достигна брзина […]

Франција на врвот на новиот бран на корона вирусот во Европа во моментот кога се отворија училиштата


Напливот на нови случаи на корона вирус во Франција е далеку поголем од зголемувањето во другите европски земји и се случува токму кога милиони деца се враќаат на училиште, оставајќи ја владата да одмери како да одговори. Новите случаи скокнаа за речиси 9.000 во петокот, најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Тоа беше речиси […]

Тур де Франс: Во драмата на Пиринеите Адам Јејтс ја задржа жолтата маичка


Во совршениот бег Французинот Нанс Питерс убедливо ја освои етапата во планините. Горчлив ден за француската надеж Тибо Пино   Адам Јејтс го задржа првото место во генералниот пласман на Тур де Франс одбивајќи ги нападите од водечката група фаворити во првата етапа на Пиринеите, од Казерес-сур-Гарон до Луденвиел. Нападите на Примож Роглич од „Јумбо-Висма“, […]

„Сваровски“ судијка го ослободи возачот што прегази татко и неродено бебе


Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, која од вчера е на удар од јавноста поради досудената условна казна за тетовскиот бизнисмен кој со џип прегази сопружници пред две години кај „Млечен ресторан“ во Скопје, при што загина сопругот и нероденото бебе, стана позната кога го одби барањето на СЈО за одземање на пасошот на поранешниот шеф на тајната […]

Признанието за хуманост „Св. Мајка Тереза“ за министерот Филипче и Министерството за здравство


Министерот за здравство Венко Филипче и Министерството за здравство вечерва добија посланија „Св. Мајка Тереза“ за 2020 година и статуетки за хуманост од Граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. Вакво признание добија и директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, директорот на Градската општа болница „8 Септември“ д-р Христијан Костов и […]

Претседателот на полицискиот синдикат избран за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор


Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на својата прва седница, за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор го избра претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев. – Како Македонски полициски синдикат кој со своите 8000 членови е еден од најбројните синидикати во Сојузот на синдикатите на Македонија сме задоволни што конечно оваа […]

Дневник од карантинот на еден актер (22)


ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ „Утре ќе биде нов век. Ќе ви се ругаат за двете илјади години проповеди и законици, за Слободата што ни ја фрлате како мртва коска од која треба да ја цицаме иднината“ Јордан Плевнеш, „Еригон“   Со опсервација на остатоците од големата експлозија на вселената, физичарите ги најдоа првите докази кои ја потврдуваат […]

Во Ресен се врати вирусот, новозаболената летувала во Струга


БИТОЛА – Во Ресен се врати корона вирусот откако 35 дена немаше регистрирано новозаболен од Ковид-19. Дознаваме дека станува збор за жена, која навела дека околу 20 август била на летување во Струга со ваучерите за домашен туризам. Она што официјално го соопшуваат од Центарот за јавно здравје Битола е дека „на 4 септември е […]

Запалени две возила, потпалувачот пукал кон таткото на сопственикот на автомобилите


Околу четири часот утрово во скопската полиција било пријавено дека на улицата „Христофер Жефаровиќ“ биле опожарени автомобил „фолксваген пајтон“ со скопска регистрација и „фолксваген туарег“ со светиниколска регистрација, и двата во сопственост на 28-годишниот И.Ф. од Скопје. Таткото на сопственикот на возилата С.Ф.(54) се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги […]

Македонската фудбалска репрезентација со победа го почна новиот циклус во Лигата на нации


Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 2:1 попладнево во 1. коло од Ц-групата во Лигата на нации. Двата гола на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, Македонците ги постигнаа од пенал во првото полувреме, откако во два наврата во гостинскиот шеснаесетник беше фаулиран Елиф Елмас.   Стрелец на првиот погодок беше Езџан Алиоски (5. […]

Кај кратовското село Филиповци пронајдена почината 36-годишна жена


Жител на кратовското село Филиповци пронашол тело на жена во атарот на селото додека ја напасувал стоката, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ, случајот бил пријавен во Полициската станица од општа надлежност Кратово на трети септември околу тринаесет часот и четириесет минути. -На […]