Тур де Франс: Во драмата на Пиринеите Адам Јејтс ја задржа жолтата маичка


Нанс Питерс и Илнур Закарин се бодрени од навивачите за време на искачувањето на Порт де Бале (Фото: АП)

Во совршениот бег Французинот Нанс Питерс убедливо ја освои етапата во планините. Горчлив ден за француската надеж Тибо Пино

 

Адам Јејтс го задржа првото место во генералниот пласман на Тур де Франс одбивајќи ги нападите од водечката група фаворити во првата етапа на Пиринеите, од Казерес-сур-Гарон до Луденвиел.

Нападите на Примож Роглич од „Јумбо-Висма“, Гијом Мартин од „Кофидис“, Тадеј Погачар од ОАЕ и Наиро Кинтана од „Аркеа Самсик“ на врвот Пересурд, не успеаја да го оддалечат Јејтс, а тој исто така можеше да спречи последниот бег на Роман Барде од АГ2Р.

„Јас сум прилично среќен“, рече Јејтс. „Ние ја пуштивме групата во бег бидејќи ни беше лесно да ја контролираме. Подоцна, ‘Јумбо-Висма’ започна да го притиска темпото навистина силно и возеше со полна гас до целта“.

Една минута сега ги одделува првите 10 возачи, сите од нив од различни тимови, во генералниот пласман и се чини дека испарува доминацијата што „Јумбо-Висма“ ја имаше над пелотонот во првата недела од трката.

Победата на осмата етапа му припадна на Французинот од тимот на Барде, Нанс Питерс, кој успеаа да се оддели од неговиот придружник, Илнур Закарин од ЦЦЦ, на брзото спуштање на Порт де Бале. Ова беше втора победа на 26-годишникот на една голема трка по онаа во 2019 на Џиро д’Италија.

Знаците дека ова ќе биде многу отворен Тур де Франс отколку што се очекуваше се појавија кога Роглич се најде изолиран на Пересурд и беше нападнат од неговиот словенечки сонародник Тадеј Погачар, Мартин и Кинтана, додека неговиот ко-водач Том Думолан изгуби контакт.

Во меѓувреме, Еган Бернал, поддржан од неговиот тимски колега од „Инеос гренадирс“, Ричард Карапаз, изгледаше полесно отколку порано на трката и бранителот на титулата беше во можност да го следи нападот, бидејќи неговите ривали конечно ја покажаа колку можат. Забрзувањата го отстрани Жулијан Алафилип и тој сега заостанува далечни 18 минути.

Тоа беше горчливо сладок ден за француските навивачи. Во сцените што одекнуваа од минатата година на Турот, која тој го напушти во солзи, домашниот фаворит Тибо Пино ја заврши етапата во агонија, возејќи ги последните две искачувања измачен од повредите на грбот што возачот на „Групама ФДJ“ ги претрпе при падот на првата етапа во Ница. „Грбот ме боли толку многу што немам сила“, рече Пино. „Не можам да педалам. Денес е можеби пресвртна точка во мојата кариера, има премногу неуспеси за мене“.

Барде, во меѓувреме, и покрај падот, повторно откри дел од силата и одлучноста што го однесе на второто место во генералниот пласман во 2016 година. Тој сега може да го замени Пино во домашната наклоност. (Гардијан)