Комитет за финансиска стабилност: Граѓаните да бидат спокојни – банкарскиот систем е сигурен


И по укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците, е основната порака од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност. Финансиската стабилност постојано јакне и за тоа клучен […]

(Фото) Хаос во Хаг


  Полицијата во Хаг, уапси повеќе од 20 лица кои на нив фрлале камења, јаца и петарди, во немири во сиромашна населба, соопштено е денеска. Немирите почнале пред две ноќи кога надлежните им забраниле на младите да вклучуваат хидранти за гасење пожар за да се разладат. Уапсени се повеќе од 20 лица кои се товарат […]

ОУ „Лазо Ангеловски“ се подготвува за почетокот на новата учебна година


Во тек се последните подготовки на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче пред почетокот на новата учебна година. Се реконструира оштетениот дел на приодите, а со бехатон плочки се прошируваат и реконструираат веќе постојните патеки. Исто така, бојадисани се и ходниците во училиштето. Се санира и подот на спортската сала. Учениците од ова училиште […]

Виетнам ќе купи руска вакцина против Ковид-19


Виетнамското Министерство за здравство се регистрираше за набавка на руската вакцина против Ковид-19, соопшти денеска државната телевизија. „Виетнамското Министерство за здравство се регистрираше за руската вакцина против Ковид-19. Во меѓувреме, Виетнам ќе продолжи да работи на развивање на своја вакцина“, објави државната телевизија. Министерството не соопшти колку дози од вакцината нарачале или кога очекува вакцината […]

Во Словенија 37 новозаразени, највисока бројка од април


  Во Словенија во последните 24 часа на корона вирус биле тестирани 937 лица, а заразата е потврдена кај 37, осум повеќе од вчера, објави во петок словенечката влада. Ова е највисок број новозаразени од 3 април, кога беа регистрирани 43 случаи. Бројот на починати останува 129, а вкупно инфицирани се 2.369 Во болница има […]

Пад на цената на златото


Вредноста на злато денеска првпат по деветнеделниот раст забележа пад на њујоршката берза „Комекс“. Цената на златото за испорака во октомври се намали за 0,25 проценти или за 4,95 долари и се тргуваше за 1.965,45 долари за унца. Вредноста на златото минатиот петок забележа историски рекорд од 2.089,2 долари за унца. И цената на среброто […]

Млад скопјанец загина кај Пробиштип


Вчера во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-село Ратвици, на место викано „Леговец“, возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело. Во незгодата загинал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки повреди. Извршен бил увид од Јавен обвинител и […]

Апасиев: Штом Собранието е конституирано, барам канцеларија


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ќе оди денес во Собранието да бара канцеларија за работа. Според него, бидејќи СДСМ толкува дека парламентот е конституиран, по закон се должни да им обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаат во ходниците.

После три месеци затишје, коронавирусот повторно се шири на Нов Зеланд


Новозаландските здравствени власти денеска информираа дека по тримесечно затишје, коронавирусот повторно почнал да се шири низ земјата. Премиерката Џасинда Ардерн во текот на денот ќе каже дали ќе бидат продолжени вонредните мерки во Оукленд. Здравствените власти соопштија дека се регистрирани нови 12 случаи на Ковид-19, кои се поврзани со истиот случај од пред два дена, […]

Апасиев ќе бара државна банка што ќе дава кредити без камати на граѓаните


Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по случувањата со Еуростандард банка. На социјалните мрежи Апсиев пишува дека „подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање […]

Џафери не знае кога ќе закаже седница


„Кога ќе одлучам, тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови“, изјави Талат Џафери за ТВ 21, на прашањето кога ќе има продолжение на конститутивната седница Одговорот следува откако поранешниот спикер на Собранието ја одложи  конститутивна седница, објавувајќи на својот Фејсбук профил објави дека добил внук. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, изјави вчера […]

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на Повикот за брзо прилагодување против Ковид-19


Вкупно 123 домашни компании продолжуваат во фазата на финална селекција во рамките на Јавниот повик за брзо прилагодување од последиците од КОВИД-19 на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), прв циклус. Овие компании планираат инвестиции од 237 милиони денари, од кои 97 милиони денари се нивен влог, додека од ФИТР побаруваат скоро 139 милиони […]

Комисијата за заразни болести даде конечен предлог за наставата


По заклучокот од седницата на Владата во вторникот Планот на МОН за учебната 2020/2021 да биде споделен со Комисијата за заразни болести и таа да го даде мислењето за моделот на настава, Комисијата вчера на состанок донесе конечен предлог кој сега ќе треба да биде разгледан од Владата и таа да ја донесе одлуката како […]

Во Перу за еден ден речиси 10.000 новозаразени со Ковид-19


Во Перу во изминатите 24 часа регистрирани се 9.441 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заболени лица се искачи на 507.996. Од почетокот на пандемијата во Перу од последици со новиот коронавирус починале 25.648 луѓе, а оздравече 348.006 пациенти. Претседелот на Перу, Мартин Визкара уште во март прогласи вонредна состојба, а подоцна […]

МЗ: На Психијатрија 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните


На ЈЗУ Клиниката за психијатрија се реализирани околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19, почнувајќи од март, соопшти Министерството за здравство. На првата телефонска линија за психолошка поддршка, која беше отворена на 15 март за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите […]

УЈП: Граѓаните да ја сменат трансакциската од Еуростандард банка во апликацијата МојДДВ со валидна сметка


Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица. -Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: Најавете се во […]

Силните аргументи на Ахмети


ЕРОЛ РИЗАОВ Во блиска иднина неговите максималистички барања, кои не соодветствуваат на реалните односи на силите на етнички план на кои сега инсистира, лесно можат да бидат сериозен аргумент за една сосема поинаква коалиција на граѓаните по национална основа пред избирачките кутии   Не е познато дали и на последната средба Али Ахмети ги доби  […]

Барса против Баерн во битката на титаните


Вечерва е најочекуваниот натпревар од четвртфиналната фаза од ЛШ. Едни против други излегуваат двете најтрофејни екипи кои останаа во турнирот – Барселона и Баерн (Минхен). Многу експерти го дефинираат натпреварот помеѓу двата европски гиганти како финале пред финалето и победникот на овој судир ќе стане главниот фаворит за освојување на трофејот. Всушност, по елиминацијата на […]

Енергетската заедница со порака: Да не се политизира поскапувањето на струјата, Владата да го амортизира ударот


На енергетскиот сектор му е потребна визија, а не политизирање на одлуките донесени од независниот регулатор кој работи транспарентно и професионално, вели директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница со седиште во Виена, Јанез Копач   Покачувањето на цената на електричната енергија нема да се одрази на цените на другите продукти, туку единствено на сметките на […]

Казна за 470 лица за неносење маска во изминатото деноноќие


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 470 прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.