ОУ „Лазо Ангеловски“ се подготвува за почетокот на новата учебна година


Во тек се последните подготовки на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче пред почетокот на новата учебна година.


Се реконструира оштетениот дел на приодите, а со бехатон плочки се прошируваат и реконструираат веќе постојните патеки. Исто така, бојадисани се и ходниците во училиштето. Се санира и подот на спортската сала.

Учениците од ова училиште во рамките на дворот ќе добијат и сосема ново детско катче за безбедна игра во текот на одморите.