Млад скопјанец загина кај Пробиштип


Вчера во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-село Ратвици, на место викано „Леговец“, возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата загинал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки повреди. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.