Виетнам ќе купи руска вакцина против Ковид-19

Виетнамското Министерство за здравство се регистрираше за набавка на руската вакцина против Ковид-19, соопшти денеска државната телевизија.

„Виетнамското Министерство за здравство се регистрираше за руската вакцина против Ковид-19. Во меѓувреме, Виетнам ќе продолжи да работи на развивање на своја вакцина“, објави државната телевизија.

Министерството не соопшти колку дози од вакцината нарачале или кога очекува вакцината да биде доставена. Минатиот месец, Министерството објави дека сопствена вакцина очекува до крајот на 2021 година.

Повеќето западни земји со скептицизам гледаат на руската вакцина, бидејќи таа не ја мина третата фаза на испитување, што значи масовно тестирање.