(Фото) Хаос во Хаг


 

Полицијата во Хаг, уапси повеќе од 20 лица кои на нив фрлале камења, јаца и петарди, во немири во сиромашна населба, соопштено е денеска.

Немирите почнале пред две ноќи кога надлежните им забраниле на младите да вклучуваат хидранти за гасење пожар за да се разладат.

Уапсени се повеќе од 20 лица кои се товарат за насилство или поттикнување насилство кон полицијата, а поради немирите кои не престанаа ни во четвртокот вечерта локалните власти дадоа дополнителни овластувања на полицијата да апси.

Во раните утрински часови оштетени се два полициски автомобили, а засега нема податоци дека некој е повреден.