Ѓоковиќ во септември ќе се искачи на второто место по број на недели поминати на врвот на АТП ранг листата


Англија– На 17-кратниот освојувач на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ му е гарантирано второто место на листата со најдолг стаж на врвот на светската ранг-листа. Сега Србинот ја поминува 283-тата недела како број 1, а на 21 септември ќе го помине Пит Сампрас, кој беше прв рекет на светот 286 недели. Ваквиот резултат на Ѓоковиќ му […]

ВМРО-ДПМНЕ ја спори верификацијата на мандатите, си излезе од Собрание


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата во Собранието и нема да учествува во верификацијата на мандатите на пратениците, соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. -Очигледно забелешките процедурално од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не допреа до вас и констатацијата дека и порано се правело вака не дозволува понатамошно кршење на Деловникот. Од тие причини јасно ви […]

Избори во Црна Гора: Власта на Мило Ѓукановиќ веќе не е така сигурна


В недела Црногорците ќе изберат нов парламент. Истражувањата покажуваат дека земјата се соочува со досега неизвесната трка и дека владата на Мило Ѓукановиќ изгуби повеќе отколку што стекна во конфликтот со Српската православна црква   Кампањата пред парламентарните избори во Црна Гора на 30 август е при крај. Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) ја […]

Ураганот Лаура се движи кон брегот на САД, вонредна состојба во две држави


Тропската бура Лаура денеска се засили на ниво на ураган, откако премина во топлите води на Мексиканскиот Залив и се движи кон американското крајбрежно подрачје, каде што може да предизвика огромен бран на плима и да поплави цели градови. Националниот центар за урагани предвидува дека Лаура ќе стане ураган од трета категорија пред да го погоди копното, со ветрови […]

Мета загрижен за стареењето на нацијата: Време е орлите да се вратат во своето гнездо


Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по студијата на „Економист“ во која се предвидува песимистичка варијанта дека Албанија во 2100 година може да има само 860.000 жители. – Не може да има поголема тага! Место благословено од Бога со извонредна убавина и природно богатство што го немаат многу земји во светот, сè повеќе се напушта, напиша Мета. Тој потенцира дека брзината на […]

Грешка во ковид тестирањето во Шведска


  Околу 3.700 луѓе во Шведска добиле неточен резултат дека се позитивни на корона вирус поради грешка во опремата за тестирање на Ковид-19, која стигнала од Кина. Тоа го соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на таа земја. Како што наведува агенцијата, опремата на компанијата „БГИ Геномикс“ не може да ја воочи разликата меѓу многу […]

Народна банка: Немаме веќе надлежности врз Еуростандард банка


Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка. Ова го соопшти попладнево Народната банка реагирајќи на писмото кое што денес до медиумите го упати Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка. Во реакцијата Народната […]

ОКТА: Профитот закрепнува, делумно амортизирани последиците од падот на цените и побарувачката на нафта


ОКТА се врати на профитабилно ниво во вториот квартал од 2020 година, во време на екстремно предизвикувачки околности, соопшти компанијата. Сето ова беше возможно преку одржување строги здравствени и безбедносни стандарди, осигурувајќи услугата кон клиентите да остане непречена, а ефективните мерки за контрола на трошоците во сите бизнис сектори ѝ овозможи на компанијата постепено да […]

НБМ размислува за ново одлагање на ратите за кредитите


Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните, јавува 24 Вести. Според информациите, се прават анализи на состојбата со пандемијата од Ковид 19 и како таа економски ги погоди граѓаните, но и компаниите. Конечната одлука се очекува да ја донесе Народната банка следната недела, откако деновиве ќе се консултираат и деловните […]

Дипломат од МНР ја изневерувал сопругата, таа го нападнала со нож


Семејна драма, која завршила со насилство и напад со ладно оружје, се одржала во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на Македонија во Брисел, вечерта на 20 август, дознава Вечер.мк . Откако дипломатот на сопругата и соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена, таа најпрво се онесвестила, а кога се завртел да побара помош таа го прободела […]

Во Аргентина рекорден број на заразени и починати од Ковид-19 на дневно ниво


Во Аргентина се потврдени 8.731 нови случаи на коронавирус, што е рекорд од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на заразени лица во оваа јужноамериканска земја достигна 350.867. Во изминатите 24 часа, 381 луѓе починале од коронавирусот, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Вкупно 7.366 луѓе починале од коронавирус од почетокот на пандемијата […]

Косово има нови 136 заразени, починаа осум пациенти


  Во последните 24 часа во Косово тестирани се 471 примерок, а 136 се покажало дека се позитивни на корона вирусот. Во истиот период починаа осум пациенти. Националниот институт за јавно здравје потврди дека вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 488. Од последниот пресек оздравеле уште 131 пациент, или вкупно 8.788. Активни се […]

И понатаму високи бројки новозаразени во Албанија, домашни веселби на претек


Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени со Ковид-19, на починати, но и на оздравени лица, потврдуваат надлежните. – Продолжува неповолната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во нашата земја, како во однос на новозаразени така и на починати. Во изминатите 24 часа регистрирани се 154 новозаразени лица, што е константна просечна бројка на новозаразени дневно во овој месец. И понатаму […]

Шпанија во борбата против Ковид-19 смета и на армијата


Властите во Шпанија објавија дека во борбата против пандемијата на коронавирусот ќе се потпрат и на армијата, чии 2.000 припадници ќе бидат распоредени за да им помогнат на регионалните власти во следење на заразените. Според шпанскиот премиер Педро Санчез, развојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки“, иако, како што додаде, ситуацијата е сè уште далеку од она што беше кон средината на март, […]

Филипче: Навремено ќе имаме пристап до вакцината против Ковид-19


Апсолутно навремено ќе имаме пристап тогаш кога вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна. Набавка за имунизирање на 20 отсто од населението е нешто што засега се смета дека е некоја разумна количина, согласно со сегашните сознанија. Во таа група од 20 отсто од населението влегуваат постарите лица, хронично болните, децата итн. Има ризични групи кои […]

Климата во Скопје како и животот може да нѐ изненади (галерија)


Животот како и климата може многу да ве изненадат. Особено во Скопје. Среќата да се претвори во тага. По сонце да истури дожд. Убавото време да се претвори во невреме. Во природата постои виша сила, а во животот најчесто ние си ја кроиме судбината. Некаде сонцето, а некаде дождот е најголем подарок од бога, кој […]

Повторно висок број новозаразени во Хрватска


Националниот штаб објави нови податоци за корона вирусот во Хрватска, при што 219 се новорегистрирани и двајца починати пациенти. Вкупно биле тестирани 2.231. Во болница има 167 пациенти, од кои деветмина на респиратор. Досега во Хрватска се заразија 8.530 лица, од кои 175 починаа, а 6.124 се опоравија. Во самоизолација во моментот се 7.815 лица. […]

Денеска порасна бројoт на новозаразени во Србија


По вчерашните 57 новозаразени во Србија, денеска следуваше нов скок, односно има 106 новозаразени со корона вирус. Тестирани се 8.646. Според последните податоци на српското Министерство за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ земјата се 36 пациенти. Министерот за здравство Златибор Лончар најади дека од денеска на сите граѓани кои ќе поминат […]

Пендаровски ги испрати одлуките за прогласување вонредна состојба до Собранието за потврдување


Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, денеска ги испрати петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на вирусот Корона, за потврдување од страна на Собранието. Одлуките, како што е наведено во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, беа донесени во периодот од март до јуни оваа година на […]

Болница во Вараждин остана без 25 медицинари, оперирале заразен од Ковид-19


  Вараждинската општа болница во Хрватска, преку ноќ остана без 25 медицински работници кои од неделата се во самоизолација, јавува „Индекс“. Се работи за двајца неврохирурзи, четворица анестезиолози, двајца хирурзи како и 17 медицински сестри, техничари, пропратен персонал. Болницат сега е во сериозен проблем. Сите мораа во самоизолација откако во неделата оперирале младо момче кое […]