Косово има нови 136 заразени, починаа осум пациенти


 

Во последните 24 часа во Косово тестирани се 471 примерок, а 136 се покажало дека се позитивни на корона вирусот. Во истиот период починаа осум пациенти.

Националниот институт за јавно здравје потврди дека вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 488.

Од последниот пресек оздравеле уште 131 пациент, или вкупно 8.788. Активни се 3.407 случаи.