Шпанија во борбата против Ковид-19 смета и на армијата


Властите во Шпанија објавија дека во борбата против пандемијата на коронавирусот ќе се потпрат и на армијата, чии 2.000 припадници ќе бидат распоредени за да им помогнат на регионалните власти во следење на заразените.

Според шпанскиот премиер Педро Санчез, развојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки“, иако, како што додаде, ситуацијата е сè уште далеку од она што беше кон средината на март, кога Шпанија воведе еден од најстрогите видови на карантин во Европа.

– Не можеме да дозволиме пандемијата повторно да почне да ја презема контролата врз нашите животи. Контролата мора да ја преземеме ние и да ја разбиеме втората крива на раст на бројот на инфекции, рече Санчез.

Во Шпанија до сега се регистрирани повеќе од 405.000 случаи на Ковид-19, а бројот на починати надмина 28.800.