Болница во Вараждин остана без 25 медицинари, оперирале заразен од Ковид-19


 

Вараждинската општа болница во Хрватска, преку ноќ остана без 25 медицински работници кои од неделата се во самоизолација, јавува „Индекс“.

Се работи за двајца неврохирурзи, четворица анестезиолози, двајца хирурзи како и 17 медицински сестри, техничари, пропратен персонал.

Болницат сега е во сериозен проблем.

Сите мораа во самоизолација откако во неделата оперирале младо момче кое ноќта поради неприлагодена брзина со мотор удрило во стебло. Операцијата морала итно да се изврши, затоа што се работело за повреди на главата, а тестовите покажале дека мочето е заразени со Ковид-19.

Поради недостаток на кадар, сега се одложуваат други операции, а ќе мора да се реорганизира Одделот за анестезиологија и Службата за хируршки болести.

Итните случаи и понатаму се згрижуваат.

Вараждинската болница беше строга во однос на мерките за Ковид-19, па ги тестираше сите пациенти за операција, како и оние кои се примаат преку итните служби.

Дополнителен проблем направи и гинеколог од болницата кој од одмор се вратил позитивен на корона вирус, а во меѓувреме одел на работа, поради што и некои негови колеги ќе мораат во самоизолација.