Бесими, Маричиќ и Димитров ги добија најжешките столчиња


Се очекува и вториот кабинет на Заев да добие поддршка од 62 пратеници, исто како и пред три години кога беше избрана неговата прва влада, која во последната година од мандатот стигна до мнозинство од 68 пратеници   Собранието денеска ќе ја почне 10. седница, која утре на полноќ треба да финишира со избор на […]

Говорот на Трамп следен од 21,6 милиони Американци


САД – Околу 21,6 милиони Американци го следеа говорот на претседателот Доналд Трамп на завршната вечера на Националната конвенција на Републиканците пред Белата куќа, што е помалку од бројот на гледачи на говорот на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, покажуваат првичните резултати на рејтинг агенцијата Нилсен. Како што јави Си-Ен-Ен, тој број може да биде поголем кога […]

Пелоси: Не е доволно да се издвојат 1,3 илјади милијарди долари за надминување на кризата


САД– Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси оцени дека предлогот на Белата куќа да се потрошат 1,3 илјади милијарди долари за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот нема да биде доволен за да ги задоволи потребите на американските работници и семејства. Пелоси во соопштение наведе дека се надева дека републиканците […]

Антоновска : Четири жени министерки е показатeл дека ни е потребна родова квота во извршната власт


Четири министерки ќе брои новата влада, на мандатарот Зоран Заев, за која денеска ќе расправа новиот парламентарен состав, а која треба да биде изгласана најдоцна до утре на полноќ. Процентуално тоа е околу 21 отсто, што секако не е задоволителна бројка, со оглед на тоа што жените се речиси педесет проценти од популацијата во Северна […]

Приоритети на новата Влада – акцент на економијата, борбата против корупција, дигитализацијата и социјалната политика


Од идната недела Северна Македонија треба да има нова Влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска ја закажа седницата на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев. Единаесетата македонска Влада треба да биде избрана најдоцна до утре на полноќ. Мандатарот Зоран Заев до Собранието во средата ја достави Програмата и предлог-составот […]

Правници и економисти доминираат во предложениот владин состав, најмладиот министер има 33 години


Правници и економисти доминираат во составот на новата Влада на мандатарот Зоран Заев, дипломиран економист и долгогодишен бизнисмен и поранешен градоначалник, кој ја вршеше премиерската функција и во изминатите три години. За спроведувањето на владината програма ќе бидат задолжени и електроинженер, архитект, новинар, специјалист хирург, специјалист по неврохирургија, специјалист по интерна медицина, дипломиран социјален работник. […]

Ѓоковиќ го победи Баутиста и се израмни со Надал по бројот на Мастерс финалиња


САД – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ синоќа во полуфиналето на Мастерсот Синсинати во Њујорк, го победи Шпанецот Роберто Баутиста-Агут со резултат 4:6, 6:4 и  7:6 (7:0). По три часа игра Србинот стигна до 22-та последователна победа од почетокот на сезоната. Ѓоковиќ по 51. пат стигна до финалето на Мастерс и го дели првото место во […]

Собраниска седница за избор на нова влада на мандатарот Зоран Заев


Во Собранието денеска почнува седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот Зоран Заев. Откако пратениците ќе го разгледаат и дебатираат составот на единаесеттата влада, тој треба да биде изгласан најдоцна до утре на полноќ. За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а владината коалиција на СДСМ и другите партии […]

Изминатите пет дена бројот на новозаразени од Ковид-19 е под десет отсто од тестираните


Изминатите пет дена бројот на нови случаи на Ковид-19 е под 10 проценти од тестираните пациенти. На почеток на неделата беа направени 860 теста, од кои 78 пациенти резултираа позитивни на корона вирусот. Потоа следниот ден (25 август) бројот на тестови се искачи на над 1700, но бројот на новозаразени пациенти беше 127. Во некои […]

Сончево со мала до умерена облачност, температури до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе […]

Гостиварци фрлаа тоалетна хартија од гнев поради поскапувањето на струјата


Граѓани од Тетово и Гостивар и денеска протестираа против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за поскапување на струјата за 7.4 отсто. На вечерашниот протест, кој се одржа на плоштадот на градот, организаторите ги повторија барањата, истакнувајќи дека нема да отстапат и да ги запрат протестите до нивното исполнување. „Да се повлече одлуката за поскапување […]

Села: Зибери не може да биде правобранител, таа функција е за опозицијата


По информациите  дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител, коментар даде Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците. Тој во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е можно Зибери да биде народен правобранител бидејќи таа позиција е наменета за опозицијата. Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет […]

Адвокатка во Турција почина по 238 дена штрајк со глад во затвор


По 238 дневниот штрајк со глад во Истанбул, турска адвокатка починала барајќи „фер судење“, откако била осудена за тероризам. Ебру Тимтик од нашата правна фирма почина“, напишале колегите на Твитер. Имаше 42 години. Минатата година, таа била осудена на повеќе од 13 години затвор за „припадност на терористичка организација“. Во февруари, барајќи нов процес, таа […]

Се повеќе новозаразени во Грција, стоп за забавите на Закинтос


Во Грција веќе трет ден е зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19, а зголемен е и бројот на починати од коронавирусот, според официјалните податоци од Националната организиација за јавно здравје. Денеска беа соопштени 270 новозаразени, регистрирани се и пет смртни случаи, додека пак заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти нови мерки, […]

Макрон: Интервенцијата на Русија во Белорусија не е добредојдена


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека му пренел на рускиот претседател Владимир Путин дека руската воена интервенција во Белорусија нема да биде добредојдена и дека Париз не сака да се повтори она што се случи во Украина пред шест години. Тој на прес-конференција рече дека таквата интервенција ќе ги надмине рамките на Белорусија. – […]

Лукашенко уапси 50 новинари, некои и протера


Шведски фоторепортер е протеран од Белорусија, на многу негови колеги им се одземени мемориските картички за да нема снимени сведоштва   Шведски фоторепортер е депортиран од Белорусија, во време на казнување на локалните и странски медиуми и пред понатамошните масовни протести планирани за овој викенд против претседателот Александар Лукашенко. Паул Хансен добил 24 часа да […]

Убавите мигови ги потиснаа неубавите: Интервју со Наташа Поповиќ, директорка на „Охридско лето“


Лејла Сабит -За наша среќа не откажавме ниту еден настап, ниту поради организација ниту поради уметниците кои доаѓаа од надвор. Бевме спремни да пречекаме околу 500 домашни и странски уметници кои со најпофални зборови си заминаа по нивните настапи. Токму тоа ни даваше мотив да успееме во нашата заложба, да реализираме уште едно успешно фестивалско […]

Унгарија ги затвора границите на 1 септември поради корона вирусот


Унгарската влада донесе одлука повторно да ги затвори границите на земјата како на почетокот на првиот бран на пандемијата на корона вирусот, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот, Гергели Гулаш. Тој рече дека од 1 септември на странските државјани ќе им биде забранет влез во Унгарија, освен во исклучителни случаи, јави агенцијата МТИ. Унгарските […]

Дендиас: Грција доби едногласна поддршка од нејзините партнери


Грција доби едногласна поддршка од сите нејзини партнери. Важно беше што за време на неформалните разговори, бидејќи станува збор за неформален совет, кој не завршува со одлуки, постоеше јасна клима, клима што беше целосно поддржувачка за земјата, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по завршувањето на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите […]

За новата влада приоритет треба да е економијата, порачуваат коморите


Ликвидноста на повеќето од компаниите и на стопанството во целина е на дно и затоа владата ќе треба да продолжи со субвенционирање на платите, како и да се овозможат кредити со минимална камата од банките, порачуваат од Стопанската комора на северозападна Македонија Економијата и решавање на горливите проблеми во стопанството треба да бидат приоритет на […]