Адвокатка во Турција почина по 238 дена штрајк со глад во затвор


По 238 дневниот штрајк со глад во Истанбул, турска адвокатка починала барајќи „фер судење“, откако била осудена за тероризам.

Ебру Тимтик од нашата правна фирма почина“, напишале колегите на Твитер. Имаше 42 години.

Минатата година, таа била осудена на повеќе од 13 години затвор за „припадност на терористичка организација“. Во февруари, барајќи нов процес, таа започнала штрајк со глад.

,,Ебру Тимтик пиела само засладена вода, билни чаеви и витамини, а во моментот на нејзината смрт тежела само 30 килограми “, велат од нејзиното семејство.

Денеска се случи краток судир меѓу лица блиски до адвокатката и полицијата додека минувало погребалното возило со нејзиното тело.

Полицијата употребила солзавец и користела штитови за да ја оддалечи толпата, јавува АФП.

Сепак, пред затворот, е организирана колона во знак на почит, а потоа и погребна молитва.Стотици луѓе извикуваа „Ебру Тимтик е бесмртна“, пренесува АФП.