Ѓоковиќ го победи Баутиста и се израмни со Надал по бројот на Мастерс финалиња


САД – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ синоќа во полуфиналето на Мастерсот Синсинати во Њујорк, го победи Шпанецот Роберто Баутиста-Агут со резултат 4:6, 6:4 и  7:6 (7:0).

По три часа игра Србинот стигна до 22-та последователна победа од почетокот на сезоната.

Ѓоковиќ по 51. пат стигна до финалето на Мастерс и го дели првото место во оваа статистичка категорија со Шпанецот Рафаел Надал.

Во финалето на турнирот закажано за вечер во 19 часот, Ѓоковиќ ќе се сретне со Канаѓанецот Милош Раониќ. Во случај на победа, Србинот ќе го освои 35. Мастерс и исто така ќе се изедначи со Надал во овој показател.