Артан Груби ја омекнува реториката на ДУИ околу новата влада


Високорангираниот член на ДУИ и доскорешен пратеник, Артан Груби, преку објава на Фејсбук на некој начин ја омекна реториката на партијата околу тоа кој да биде новиот премиер и кој ќе го состави следниот владин кабинет. Груби во постот објавен на албански и македонски јазик напиша: „Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме […]

(Фото вест) Заев на баклава во Љубојно


Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев кој се одмара во Македонија, а тоа денес го вклучи и Љубојно, каде што бил на приватно организиран ручен и на балкава.

Три сценарија за смртноста од вирусот во Шведска


Шведската агенција за јавно здравје има изработено три сценарија за кризата со корона вирусот, при што најлошото предвидува смрт на уште 5.800 лица. Шведска веќе има една од најцрните статистики на смртни случаи од коронавирусот во однос на населението. Според најновите податоци, до вчера во оваа скандинавска земја се регистрирани вкупно 5.646 смртни случаи и […]

Аеродром, Гази Баба и Чаир со повеќе од 200 активни случаи со корона вирус


  Статистиката на Институтот за јавно здравје покажува дека три скопски општини имаат повеќе од 200 заболени од корона вирусот. Така во Аеродорм има 200, во Гази Баба 206, а Чаир предничи со 275 заразени. Повеќе од 100 заразени имаат Шуто Оризари, Студеничани, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Карпош и Центар. Активни случаи по општини […]

ЗНМ ја поздрави одлуката на МВР да се казнат полицајците кои ја попречувале работата на новинарката Секуловска


Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на внатрешната контрола на МВР која утврди незаконско постапување на полициските службеници за попречување на новинарката Билјана Секуловска при вршење на своите професионални обврски, и истите ќе бидат соодветно казнети. Како што соопшти ЗНМ, на 7 јули годинава околу 19.00 часот, новинарката Билјана Секуловска, уредник во онлајн […]

Нови 137 случаи на Ковид-19, оздравеле 131, а десет починале


Во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-64, Штип-19, Струга-14, Куманово-7, Тетово-7, Гостивар-6, Охрид-5, Кичево-4, Свети Николе-3, Битола-2, Радовиш-2, Прилеп-1, Велес-1, Крушево-1 и Демир Хисар-1, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Охрид-36, Струга-25, Тетово-11, Штип-10, Гостивар-5, […]

(Видео)Две деца спасени од пожар со скок од трет кат на зграда во Гренобл


 Две деца се спасени од пламените јазици во една зграда во Гренобл со скокање од третиот кат во рацете на нивните спасувачи, јави дописникот на МИА. Двете деца, на возраст од три и 10 години, со вистинско чудо се спасија од пожарот што го имаше зафатено нивниот стан во Гренобл. Видеото од сцената, снимено од […]

Годинава без заедничко славење на Илинден


Македонија годинава сама ќе си го слави Илинден. Најверојатно поради корона епидемијата, нема ни најава ни интерес од официјална Софија да земат учество во настаните со кои се одбележува празникот во нашата држава. Последните две недели Бугарија ја тресат и силни антивладини протести, така што мали се шансите бугарскиот естаблишмент да се премисли. Откако беше […]

Управен суд одби 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива


Управниот суд одби 40 од поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, информираа за МИА од Управен суд. Одбиена е и една тужба поднесена од ИНТЕГРА. Истовремено до Управниот суд, е поднесено тужба од страна на Социјалдемократската унија. Во тек на денешниот ден до Управен […]

Го удрил со автомобил, па и го натепал


Маж од Скопје пријавил дека возач го удрил со автомобил на крстосница, а потоа излегол од возилото и го натепал. Во вторникот, во 10.40 часот во СВР Скопје, Б.П.(68) од Скопје пријавил дека во 10 часот на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ бил удрен од возило, управувано од Д.С.(56) од Скопје, кој […]

Олимписки игри во Токио нема да има без вакцината


Јапонија– Олимписките игри во Токио, кои се одложени до следното лето, се пос знак прашалник и за 2021 година, ако условите околу пандемијата на коронавирус се како што се сега, рече претседателот на организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори. Во интервју за јапонската телевизија „НХК“, Мори изрази очекување дека здравствената состојба ќе […]

Италија губи пет милијарди евра поради сезона без туристи од земји надвор од ЕУ


Италија– Поради летната сезона без туристи од земји надвор од ЕУ, поради пандемијата и карантинската обврска, Италија ќе претрпи штета од околу пет милијарди евра, а тоа е колку трошат овие патници за сместување, храна, транспорт, забава и шопинг во текот на јули, август и септември. Ова го покажа анализата на италијанското здружение Колдирети за последиците […]

Надал го избра „идеалниот“ и зборуваше за Федерер и Новак


Шпанија– Тони Надал, поранешен тренер на Рафаел Надал, го „создаде“ својот најдобар тенисер, комбинирајќи ги доблестите на само тројца играчи. „Големите тројца“ се најдоа во изборот на шпанскиот тренер. Тој несомнено го избра сервисот и волејот што го има Роџер Федерер во својот репертоар. Чичко Тони имаше поголем проблем во селекцијата со форхендот, бидејќи се […]

ММФ: Корона кризата повеќе ги загрозува жените


Пандемијата со коронавирусот може да го загрози напредокот постигнат од жените во последните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите, предупреди денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Економскиот шок предизвикан од здравствената криза ги погодува жените повеќе од мажите, бидејќи тие се повеќе застапени во сериозно погодените сектори на услуги, малопродажба, туризам и угостителство. […]

Србија загрижува: Денеска нови 426 заболени, починаа осуммина


Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 426 заразени со корона вирус, а починаа осум пациенти. Тестирани се најмногу примероци досега – 11.521, а од нив 426 се позитивни, соопшти министерот за здравство Златибор Лончар на конференцијата на Кризниот штаб. Во болница ина 4.619 пацинеи, а на респиратор се 205 лица, а вкупно се […]

Филипче: Нема потреба од рестрикции, епидемиолошката состојба е генерално стабилна


Министерот за здравство Венко Филипче ја оцени епидемиолошката состојба како генерално стабилна и дека има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции. – Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, апсолутно нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува – и во однос на број […]

Измиена `рѓа го обоила Вардар – загадување нема


Државниот инспекторат за животна средина на ден 15.07.2020 година, по добиена дојава за загадување на река Вардар со портокалова боја изврши вонреден инспекциски надзор согласно законските надлежности, а инспекторите велат „се претпоставува дека обојувањето на водата е предизвикано при испирање на површина која содржи примеси на метали (‘рѓа) со чиста вода“. На локацијата испуст на […]

Интерпол: Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19


Полицијата заплени 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверц на нелегална храна и пијалаци во десетици земји, соопшти денеска Интерпол. Полицијата запленила фалсификувани или нестандардни производи во вредност од 34,5 милиони евра во 77 земји и уапсила 407 лица во операција која траела од декември 2019 до јуни […]

Општините соочени со дивоградби, немаат доволно инспектори, бараат помош од државата


При дешниот увид на градежните работи на изградба на водоводот за велешките села Раштани и Бузалкова, на новинарско прашање дали државата може да им помогне на општините во третирањето на дивоградбите, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески појасни дека државата настапува само кога станува збор за предмет од прва категорија. Овие дивоградби се од […]

Најмногу досега: Во БиХ регистрирани 331 новозаразени со корона вирус


  Ентитетските здравствени институции во Босна и Херцеговина денеска јавија дека за 24 часа регистрирани се нови 331 случај со корона вирус, што е најголем број од почетокот на епидемијата. Во федерацијата тестирани се 1.209 примероци, од кои 190 се позитивни, 117 оздравеле, а починале пет лица. Досега се тестирани 78.221 примероци, а Ковид-19 потврден […]