Го удрил со автомобил, па и го натепал


Маж од Скопје пријавил дека возач го удрил со автомобил на крстосница, а потоа излегол од возилото и го натепал.

Во вторникот, во 10.40 часот во СВР Скопје, Б.П.(68) од Скопје пријавил дека во 10 часот на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ бил удрен од возило, управувано од Д.С.(56) од Скопје, кој потоа излегол од возилото и физички го нападнал пријавителот.
Се работи на расчистување на случајот.