Аеродром, Гази Баба и Чаир со повеќе од 200 активни случаи со корона вирус


Фото: Б. Грданоски

 

Статистиката на Институтот за јавно здравје покажува дека три скопски општини имаат повеќе од 200 заболени од корона вирусот. Така во Аеродорм има 200, во Гази Баба 206, а Чаир предничи со 275 заразени.

Повеќе од 100 заразени имаат Шуто Оризари, Студеничани, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Карпош и Центар.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 275
• Аеродром – 200
• Бутел – 140
• Гази Баба – 206
• Центар – 162
• Карпош – 174
• Сарај – 115
• Кисела Вода – 158
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 105
• Арачиново – 33
• Илинден – 25
• Петровец – 22
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 20
• Зелениково- 13
• Странец – 7
• Нераспределен- 14