Србија загрижува: Денеска нови 426 заболени, починаа осуммина


Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 426 заразени со корона вирус, а починаа осум пациенти.

Тестирани се најмногу примероци досега – 11.521, а од нив 426 се позитивни, соопшти министерот за здравство Златибор Лончар на конференцијата на Кризниот штаб.

Во болница ина 4.619 пацинеи, а на респиратор се 205 лица, а вкупно се тестирани 580.271.

Досега во Србија вкупно починаа 499 пациенти, а процентот на смртност е 2,26 отсто.

За потсетување, вчера кај нашиот северен сосед беа регистрирани 352 новозаболени, а деветмина починаа.