Најмногу досега: Во БиХ регистрирани 331 новозаразени со корона вирус


 

Ентитетските здравствени институции во Босна и Херцеговина денеска јавија дека за 24 часа регистрирани се нови 331 случај со корона вирус, што е најголем број од почетокот на епидемијата.

Во федерацијата тестирани се 1.209 примероци, од кои 190 се позитивни, 117 оздравеле, а починале пет лица.

Досега се тестирани 78.221 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 5.082 луѓе. До денеска оздравеле 2.219 пациенти, а активни се 2.750 случаи.

Потврдени се и 113 смртни случаи.

Во Брчко регистрирани се седум нов случаи, а починало едно лице.

Во Република Српска тестирани се 653 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 134 лица.

Досега потврдени се 3.898 случаи, а починаа 149 пациенти. Оздравеа 1.916 лица.