Артан Груби ја омекнува реториката на ДУИ околу новата влада


Високорангираниот член на ДУИ и доскорешен пратеник, Артан Груби, преку објава на Фејсбук на некој начин ја омекна реториката на партијата околу тоа кој да биде новиот премиер и кој ќе го состави следниот владин кабинет.

Груби во постот објавен на албански и македонски јазик напиша:

„Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од  Ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“.

До пред само неколку дена Груби огнено зборуваше дека кандидатот на ДУИ ќе биде новиот премиер. Дали ова омекнување на ставот доаѓа по вчерашната индикативна средба на амбасадорите на ЕУ и САД, Самуел Жбогар и Кејт Брнз, со министрите Радмила шекеринска и Никола Димитров, може само да се нагаѓа. Жбогар денеска се сретна и со вицепремиерот за европски интеграции, Бујар Османи. Во двете соопштенија од средбите се нагласува дека на Македонија ѝ и потребна проевропска влада која ќе наметне силно темпо во реформите.