(Видео)Две деца спасени од пожар со скок од трет кат на зграда во Гренобл


 Две деца се спасени од пламените јазици во една зграда во Гренобл со скокање од третиот кат во рацете на нивните спасувачи, јави дописникот на МИА.

Двете деца, на возраст од три и 10 години, со вистинско чудо се спасија од пожарот што го имаше зафатено нивниот стан во Гренобл. Видеото од сцената, снимено од друга зграда и емитувано од регионалниот весник „Дофине Либере, го покажува нивниот пад од третиот кат на зградата.

Од прозорците на станот излегува густ црн чад, а жителите плачат и викаат во страв, прво се гледа како најстарото дете како го држи помалото во воздухот, држејќи го за неговата облека, пред да го пушти.

Пред зградата, луѓето го фаќаат во рацете и се превиткуваат под неговата тежина и набргу потоа, другото дете скокнува во нивните рацете.

Според пожарникарите, двете деца се за чудо неповредени. Тие биле хоспитализирани само за вдишување на гасови, како 17 други жители на зградата.

Меѓу лицата кои ги спасиле децата има двајца повредени, кои подоцна се однесени во болница со скршени подлактици.

Сè уште не се познати причините за пожарот и каде биле родителите на децата во моментот на неговото избувнување.