Новинарите во унгарскиот портал „Индекс“ поднесоа оставки откако главниот уредник доби отказ


Унгарија – Тројца уредници и повеќе од 50 новинари од независниот унгарски портал „Индекс“ (Index.hu) дадоа отказ откако беше отпуштен главниот уредник Саболц Дул. Во соопштението на новинарите се оценува дека отказот за нивниот шеф е „отворен обид за вршење на притисок врз порталот. Тие истакнаа дека дале отказ откако претседателот на Управниот одбор го одбил …

Новинарите во унгарскиот портал „Индекс“ поднесоа оставки откако главниот уредник доби отказ Read More »

Мијалков: Мицкоски води хајка против мене


Насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикувам МВР да го расчисти, напиша на Фејсбук поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, откако денеска новинарот Љупче Златев обелодени за јавноста дека бил нападнат од обезбедување на Мијалков. -Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци …

Мијалков: Мицкоски води хајка против мене Read More »

Почна судењето на Владимир Панчевски


Денеска во Основниот суд во Велес почна процесот против поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреби на АКМИС системот, поточно му се суди за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Неговите адвокати најпрво рекоа дека нема услови за одржување на рочиште и побараа да му се …

Почна судењето на Владимир Панчевски Read More »

Почина новинарот и публицист Перо Златар


Познатиот југословенски и хрватски новинар и публицист, Перо Златар, почина на 86-годишна возраст. Роден е во Скопје во 1934 година, а живеше во Белград од 1981 година. Златар е вклучен во новинарството уште од петнаесет години. Тој беше првиот новинар на поранешна Југославија по 1948 година кој отиде во Албанија, првиот во Шпанија на Франко, …

Почина новинарот и публицист Перо Златар Read More »

Иванов: Едно општество за сите е орвеловска идеја


Концептот едно општество за сите е фашистичка, орвеловска идеја, оцени поранешниот претседател Ѓорге Иванов во онлајн дебатата организирана на тема „Идентитетот и европската интеграција“ организирана од Европското движење, а по повод годишнината од смртта на Димитар Мирчев. „Не можете да станете едно општество. Тоа е составено од различни идентитети на овој простор каде што живееме, …

Иванов: Едно општество за сите е орвеловска идеја Read More »

Снимателот на „Медена земја“ Фејми Даут снима во Вухан


Ова е нова реалност, изјави Фејми Даут, еден од двајцата сниматели на македонското ремек-дело „Медена земја“, кој во март отиде во ризичниот Вухан во Кина да сними филм за коронавирусот чиј работен наслов е „Сезона на пеколот во Вухан“. Во интервјуто за белградскиот портал 021.rs, тој говори за тоа како требало да се снима филмот со …

Снимателот на „Медена земја“ Фејми Даут снима во Вухан Read More »

Изречена најстрога дисциплинска мерка за советникот на Чулев


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го прифатил предлогот за донесување решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка и е потврдена предложената дисциплинска мерка за Зоран Ѓоргевски, советник во Кабинетот на Чулев. На советникот во Кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓоргевски во текот на вчерашниот ден, по предлог на Одделот за внатрешна …

Изречена најстрога дисциплинска мерка за советникот на Чулев Read More »

Изборниот процес заврши – Управниот суд ги одби сите 185 тужби од партиите


Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија, откако денеска ги разгледа и одлучуваше и по последните четири тужби. „Одлуките се одбивателни. Сите четири тужби коишто денеска беа разгледувани и одлучувано. ВМРО-ДПМНЕ две, една Демократи и една Единствена Македонија, тужбите се …

Изборниот процес заврши – Управниот суд ги одби сите 185 тужби од партиите Read More »

НЛБ Банка со поддршка за микро и малите претпијатија преку „НЛБ Рамка за помош“


НЛБ Банка го започнува проектот „НЛБ Рамка за помош“ како одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови поради пандемијата со вирусот Ковид-19, а со цел да им помогне на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од кризата, соопштија од банката. Преку оваа иницијатива, НЛБ Банка ќе им овозможи на микро и …

НЛБ Банка со поддршка за микро и малите претпијатија преку „НЛБ Рамка за помош“ Read More »

Двајца погодени во нога, се пука низ Скопје


Во три одделни инциденти во Скопје било употребено огнено оружје, при што еден маж е погоден во натколеница, а друг во ногата, соопшти МВР. Имено, во четвртокот, во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреда бил донесен Р.Б.(68) од Скопје. Според пријавеното, во неговиот продажен објект на …

Двајца погодени во нога, се пука низ Скопје Read More »

„ЕВН Македонија“ преку проектот „ЛОСТ“ ќе стипендира студенти од семејства со ниски приходи


„ЕВН Македонија“ ја најавува новата програма за стипендии „ЛОСТ“ за која ќе можат да конкурираат студенти со ниски семејни месечни примања запишани на електро-енергетските насоки на некој од електротехничките факултети во земјава. За поддршка на 10 студенти, кои потекнуваат од семејства со вкупни месечни примања пониски од две минимални плати, во текот на една учебна …

„ЕВН Македонија“ преку проектот „ЛОСТ“ ќе стипендира студенти од семејства со ниски приходи Read More »

Тунтев: Поради Ковид-19 двојно помалку патници на аеродромите на годишно ниво


На годишно ниво, во домашниот и во меѓународниот патнички сообраќај, на аеродромите се очекува бројот на патниците во 2020 година да биде помал за 50,4 проценти во однос на 2019 година, оценува директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев во осврт за влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз воздушниот сообраќај во Европа. Тој потенцира …

Тунтев: Поради Ковид-19 двојно помалку патници на аеродромите на годишно ниво Read More »

Една жена без симптоми заразила 98 лица на забава во ноќен клуб во Прага


Според извештаите, многу лица се заразиле пиејќи коктел од еден сад и со една сламка   Бројот на заразени лица од корона вирус поврзан со музички клуб во Прага се зголеми на 98 случаи, вклучувајќи фудбалери од неколку клубови во градот, соопштија јавни здравствени работници. Епидемијата беше една од неколкуте нови жаришта во Чешка. Службениците …

Една жена без симптоми заразила 98 лица на забава во ноќен клуб во Прага Read More »

Турција ќе носи закон за блокирање на Фејсбук и Твитер


  Со новиот закон властите ќе можат да ја регулираат содржината на двете големи социјални мрежи   Турскиот парламент се подготвува да гласа за нацрт-закон со кој ефикасно ќе се блокираат страници како Фејсбук, Твитер и Јутјуб, освен ако не се придржуваат кон строгите нови регулативи, во време кога Анкара значително ги засилува своите напори …

Турција ќе носи закон за блокирање на Фејсбук и Твитер Read More »

Хрватска пријави нови 81 заразени


  Националниот штаб на Хрватска соопшти дека денеска се регистрирани нови 81 случаи на корона вирус во земјата, а во болница вкупно има 139 пацинети. Активни се 1.032, додека на респиратор има девет пацинети, а последниот ден тестирани се 1.136 лица. Откако е забележан првиот случај во хрватска до денеска забележани се 4.715 заразени со …

Хрватска пријави нови 81 заразени Read More »

Студија од Бразил: Хидроксихлорокинот не е ефикасен во лекувањето на Ковид-19


Студија изработена во Бразил покажува деа хидроксихлорокинот, лек што беше промовиран како терапија за Ковид-19 од претседателот Жаир Болсонаро, е неефикасен во лекувањето, објави Би-Би-Си. Со студијата биле опфатени 667 пациенти инфицирани со новиот коронавирус со мали до умерени симптоми на болеста во 55 болници во Бразил, а истражувањето покажало дека лекот не е е …

Студија од Бразил: Хидроксихлорокинот не е ефикасен во лекувањето на Ковид-19 Read More »

Србија повторно со повеќе од 400 заболени, 10 починаа


  Според последните информации 409 лица се позитивни на корона вирус во последното деноноќие во Србија, а починале десет пациенти. Тестирани се 10.634 лица. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 167 пацинети, што е пад во однос на вчера кога на респиратор беа 185 пациенти.

МВР: Системите на „Дуна“ функционирале, нарачателот на нападот на страницата на ДИК се бара


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика достави известување до Основно Јавно Обвинителство – Скопје во кое ги образложи сите мерки и активности кои беа преземени во насока на расчистување на случајот пријавен од страна на Државната изборна комисија. Имено, во текот на истрагата беа обезбедени податоци и логови за функционирањето на системот и делови …

МВР: Системите на „Дуна“ функционирале, нарачателот на нападот на страницата на ДИК се бара Read More »

Леопард жаби забележани во централна Аризона


Редок вид т.н. леопард жаби неодамна се пронајдени во средишните делови на американската сојузна држава Аризона, надвор од вообичаеното нивно живеалиште. Станува збор за подвидот наречен „чирикава“. Примерок неодамна беше фотографиран од шумски извидник во близина на местото Камп Верде во централна Аризона. Биолозите подоцна утврдија дека уште најмалку десет примероци од тој вид живеат …

Леопард жаби забележани во централна Аризона Read More »

Нови три трки во Формула 1 во Европа, отпаѓаат ГП на САД, Мексико, Бразил


Шампионските трки во Формула 1 нема да се одржат оваа сезона во САД, Мексико и Бразил, поради ситуацијата со коронавирусот на американскиот континент. Менаџментот на Формула 1 објави дека не сакаат да ризикуваат да одржат трки во тие земји, со оглед дека се меѓу државите со најлоша стапка на инфекција во светот. Наместо овие три …

Нови три трки во Формула 1 во Европа, отпаѓаат ГП на САД, Мексико, Бразил Read More »