Студија од Бразил: Хидроксихлорокинот не е ефикасен во лекувањето на Ковид-19


Студија изработена во Бразил покажува деа хидроксихлорокинот, лек што беше промовиран како терапија за Ковид-19 од претседателот Жаир Болсонаро, е неефикасен во лекувањето, објави Би-Би-Си.

Со студијата биле опфатени 667 пациенти инфицирани со новиот коронавирус со мали до умерени симптоми на болеста во 55 болници во Бразил, а истражувањето покажало дека лекот не е е ефикасен во лекувањето на Ковид-19 и би можел да има несакани ефекти.

Истражувањето е објавен во списанието „Њу Ингланд џурнал оф медисин“ (New England Journal of Medicine).

Хидроксихлорокин, лекот против маларија стана популарен на почетокот од годината, кога се тврдеше дека може да помогне во лекувањето на заболените од новиот коронавирус. Уште во мај Владата на Бразил препорача хидроксихлорокинот да се препишува на пациенти заразени со Ковид-19, дури и Болсонаро, на почетокот од месецот, го пиеше откако беше потврдено дека е заразен.

И американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека хидроксихлорокинот може а помогне во лекувањето на пациенти инфицирани со Ковид-19.

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд спроведено во јуни покажа дека хидроксихлорокинот е неефикасен.