Една жена без симптоми заразила 98 лица на забава во ноќен клуб во Прага


Според извештаите, многу лица се заразиле пиејќи коктел од еден сад и со една сламка

 

Бројот на заразени лица од корона вирус поврзан со музички клуб во Прага се зголеми на 98 случаи, вклучувајќи фудбалери од неколку клубови во градот, соопштија јавни здравствени работници.

Епидемијата беше една од неколкуте нови жаришта во Чешка.

Службениците за јавно здравје повторно поставија ограничувања на јавните активности во некои области, вклучувајќи го и индустрискиот северо-источен регион кој е дом на 10 отсто од 10,7 милиони луѓе во земјата.

Чешка пријави 247 нови случаи во средата, што е најголем број по скокот кон крајот на јуни. Како резултат, премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, рече дека маските за лице може повторно да се направат задолжителни во одредени затворени простории.

Властите се сомневаат дека една жена без симптоми била извор на инфекција на роденденската забава на 11 јули во клубот „Техтле Мехтле“ во центарот на Прага.

Здравствените власти на Прага зоопштија дека 68 гости, седум вработени и 23 членови на семејството и контакти биле позитивни на корона вирус. Уште 273 лица се ставени во карантин.

Откако медиумите објавија дека некои посетители на клубот се заразиле со тоа што делеле пијалак со една слама, хигиеничарите ги повикаа луѓето да продолжат со социјалното растојание и да пијат само од сопствената чаша.

И покрај растот на дневните случаи во изминатите неколку недели, бројот на оние кои се примени во болница се зголеми само малку, на 141, третина од бројот за време на врв во април.

Земјата објави 14.570 случаи на коронавирус и 364 смртни случаи.

Здравствените власти не ги именуваа спортските клубови погодени од појавата на ноќниот клуб, но големите клубови Спарта Прага, Бохемија 1905 и Дукла Прага соопштија дека имаат инфекции во нивните резервни или јуниорски екипи. (Ројтерс)