Јелена Јованова стана мајка – Игор Џамбазов ја откри среќната вест


Актерката Јелена Јованова (35) стана мајка. Првороденчето е син. Игор Џамбазов ја откри убавата вест на Инстаграм и ѝ честиташе на својата колешка од серијата „Преспав“. „Јеленче стана мааааммаааа!!! Драчево е на нозе! И Хрватска по малце…“, напиша тој за Јелена која е омажена во Хрватска со актерот Стјепан Периќ. Инаку, актерката ја криеше бременоста […]

На прсти се бројат деновите до почеток на изборната кампања


Ако во овие четири дена пред завршувањето на вонредната состојба не се донесат нови измени во Уредбата за изборите со кои би се поместил рокот од 22 дена за нивно завршување, тогаш 20-дневната изборна ќе почне веќе в понеделник   Освен единствениот  глас „против“ на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и забелешката дека „Заев […]

По 14.500 денари помош за естрадните уметници за април и мај


Владата на вчерашната седница донесе Уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадните уметници за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, за месеците април и мај 2020 година. Предмет на финансиска поддршка е […]

Галуп: Опаѓа рејтингот на Трамп


САД– Според анкета на Галуп, намален е процентот на оние кои ја одобруваат работата на американскиот претседател Доналд Трамп од 49 отсто на 39 отсто, додека се зголеми бројот на оние кои не го одобруваат од 48 отсто на 57 отсто. Тоа е најнискиот рејтинг на одобрување што претседателот го има забележано од октомври. Анкетата […]

На 125 лица издадени решенија за излоација, 1068 не носеле маски


Мерката за неносење лична заштита на лице ја прекршиле 1068 граѓани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 потпишале изјави за самоизолација, соопштија денеска од МВР. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, […]

Заразно совластие, заразен соживот


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Главен извор на актуелното ширење на вирусот не е соживотот, туку неговите изборни, но и чисто лукративни инструментализирања од страна на политичките и верските власти. Во Македонија веќе подолго време се прави опасно експлозивен амалгам меѓу овие две структури   Лесно е да се биде добар граѓанин тогаш кога сите околу се добри. […]

Левандовски постави рекорд и го однесе Баерн во финалето на купот


Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски го постигна победничкиот гол во полуфиналето на Купот на Германија со Ајнтрахт (2:1). За 31-годишниот Полјак ова беше рекорден 45. гол за баварскиот тим на 39 натпревари од сезоната. Претходно, во сезоната 2016/17, Левандовски постигна 43 гола на 47 натпревари. Во финалето на германскиот фудбалски куп, Баерн ќе игра со […]

Најмалиот шах на светот


Еден микроскулптор од Турција ја изработи најмалата табла и фигури за шах во светот. „Таблата“ има размер 0,89 на 0,89 сантиметри. Некати Коркмаз тврди дека неговата минијатурна творба е двапати помала од онаа којашто сега го држи Гинисовиот рекорд. За да го создаде овој шах, нему му биле потребни шест месеци и шест часа на […]

Гренел: САД ќе ги повлече војниците од Германија


САД планираат да ја повлечат армијата од Германија, бидејќи Американците се против тоа премногу да плаќаат за безбедноста на другите земји, изјави американскиот амбасадор во Берлин во заминување, Ричард Гренел. Тој наведе дека даночните обврзници во САД не сакаат да плаќаат за безбедноста на другите држави. – Во Германија и понатаму ќе бидат распоредени 25.000 […]

Конте пред обвинители в петок поради одговорот на коронавирусот во Бергамо


Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека обвинители в петок ќе го сослушаат за одговорот на коронавирусот во Бергамо, северна Италија, што е едно од областите најмногу погодени од коронавирусот во светот. – Воопшто не сум загрижен, изјави Конте. – Ќе разговараме в петок и ќе им ги кажам сите факти што ги знам, рече Конте. […]

Во САД над два милиона луѓе инфицирани со Ковид-19


Во САД регистрирани се повеќе од два милиона лица заразени со новиот коронавирус, а во 21 американска сојузна држава расте бројот на новозаболени, објави „Њујорк тајмс“. Весникот наведува дека и покрај подобрувањето на ситуацијата во државите коои најмногу беа погодени, како што е Њујорк, се појавија и нови жаришта. Во Аризона за еден ден регистрирани […]

За упис во средно задолжителна и пријава, учениците да ја преземат од веб-страницата на МОН


Учениците кои идната недела ќе се запишуваат во средните училишта, заедно со целокупната потребна документација наведена во Конкурсот треба да носат и пријава која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk. Формуларот  за пријавување е достапен на четири (наставни) јазици – македонски, албански, турски и српски. Потребно е секој ученик да […]

Со домашната платежна картичка во економијата ќе се слеат 28 милиони евра


Деветте банки ги испечатија првите домашни платежни картички. До 18-ти следниот месец треба да бидат испорачани до сите 324.479 корисници, а кои своите средства ќе треба да ги искористат најдоцна до 15 август. За тоа дали е некој корисник на домашна платежна картичка може да провери на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, со внесување на својот матичен број,  а […]

Претпладне умерено облачно, попладне дожд и грмежи


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од  21 до 29 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се […]

Вархеи разговарал со Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Теми, како што објави Вархеи на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19. „Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан […]

„Време е да се каже вистината“ за кинеските дезинформации околу короната, објави ЕУ


Европската комисија излезе со недвосмислена порака против напорите на Кина да шири дезинформации поврзани со појавата на корона вирусот во Европа. Ова е првпат извршната власт на ЕУ јавно да ја обвини Кина за нејзината улога во ширењето лажни вести. Соопштението за „Справување со дезинформирањето околу Ковид-19“ беше презентирана во средата (10 јуни) од потпретседателот […]

Спасовски: Три милиони евра за изградба на ИКТ центар во Прилеп


Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил соопшти дека ќе се финансира изградба на ИКТ центар за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп. Изградбата на ИКТ центарот, како што посочува, ќе биде финансирана со 3,25 милиони евра од претпристапната помош на ИПА фондовите и со 150.000 евра од […]

Владата ќе бара мислење од ДИК за одбивањето Димитриеска-Кочоска да потпише за заемот од Светска банка


Владата ќе побара од Државната изборна комисија да се произнесе за одбивањето на дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да го потпише документот за заем од Светска банка во износ од 90 милиони евра. Како што се вели во соопштението од денешната седница на Владата, со цел да се одблокира потпишувањето на договорот со […]

Муслиу: Изборите на 5 јули се единствена законска опција


Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека одењето на избори на 5 јули во случај да не биде продолжена вонредната состојба е единствена законска опција во моментот, а уверен е дека во изборниот процес ќе учествуваат сите чинители. “Уредбата со сила на закон за одложување на изборниот процес никој […]

Владата го постави теренот за одржување на изборите


Изгледа сосем извесно дека одржувањето на вонредните избори се приближува откако Владата на денешната седница донесе измени во Уредбата со која беше замрзнат изборниот процес. Со неколкуте задолжувања до Министерството за внатрешни работи, Државната изборна комисија, Заводот за статистика и Министерството за здравство Владата го постави теренот за одржување на изборите 22 дена по завршувањето […]