Гренел: САД ќе ги повлече војниците од Германија


САД планираат да ја повлечат армијата од Германија, бидејќи Американците се против тоа премногу да плаќаат за безбедноста на другите земји, изјави американскиот амбасадор во Берлин во заминување, Ричард Гренел.

Тој наведе дека даночните обврзници во САД не сакаат да плаќаат за безбедноста на другите држави.

– Во Германија и понатаму ќе бидат распоредени 25.000 војници, што не е мала бројка, посочи Гренел.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави повлекување на 9.500 војници од Германија, а сега се чека официјален налог од Пентагон за да се реализира одлуката.