Вархеи разговарал со Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Теми, како што објави Вархеи на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19.

„Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување“, напиша Вархеи на Твитер.

Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.