Ангеловска-Бежоска учествуваше на Годишниот форум на Виенската иницијатива


Виенската иницијатива обезбедува клучна платформа за дијалог на финансискиот сектор и во текот на корона-кризата   Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на Годишниот форум на Виенската иницијатива, како член на Надзорниот одбор во кој ги претставува шесте земји од Западен Балкан. Настанот се одржа телеконференциски и претставуваше одлична можност за заедничка дискусија на […]

„Зара“ ќе затвори 1.200 продавници во светот


Сопственикот на „Зара“ објави дека ќе затвори околу 1.200 дуќани низ цел свет, со цел да ја зголеми продажбата на своите производи преку интернет среде хаосот што го предизвика пандемијата на коронавирусот. Шпанската групација „Индитекс“ исто така ги поседува брендовите „Бершка“, „Пул енд бер“ и „Масимо Дути“. Затворањето најмногу ќе ги погоди Европа и Азија. […]

Фирмите што ќе ја користат мерката 14.500 денари за јуни не смеат да отпуштаат вработени заклучно со август


Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил. Додава дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо […]

Државата ќе ги покрива придонесите на плата на новинарите и медиумските работници


Државата стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали, информираа денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски. Оваа мерка, истакна Османи, Владата ја донела со консултациите […]

Словенија го произведе првиот комплетно електричен и сертифициран авион


Словенечката компанија „Пипистрел“ го произведе првиот 100 отсто електричен сертифициран авион, јави дописникот на МИА од Љубљана. Се работи за мал спортски авион, комплетно напојуван од батерија за кој Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) ги исполнува највисоките стандарди за безбедност во летањето. Од компанијата изјави дека во некои сегменти ова летало има далеку […]

Во април издадени 173 одобренија за градење, ќе се градат нови 835 станови


Во април годинава се издадени 173 одобренија за градење, што е за 27,9  проценти помалку во однос на април лани. Најголем број, 36, има за Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 25, додека во останатите региони бројката се движи од 15  до 18, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за […]

Интервју со Арбен Таравари: Ахмети се подготвува за опозиција


Али Ахмети е потрошен политичар од 20. век, којшто дојде на власт преку војна. Апсурдно е да се анализираат неговите гротескни изјави. Ахмети сега се обидува да биде магионичар, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, за етничкото обединување околу неговиот предлогот за Албанец премиер   Љупчо Поповски „Станува збор за тотална демагогија. Човекот којшто […]

ССМ бара субвенциите за плата да се исплаќаат директно на сметките на работниците


Сојузот на синдикати на Македонија бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците. Ваквото барање, како што појаснува ССМ во денешното соопштение, е поради тоа што во изминатиот период имало информации за злоупотреби, како и поради пријавите […]

„Амазон“ ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица


Компанијата „Амазон“ ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица од страна на полицијата за една година. Овој гигант е последен во низата компании кои забранија употреба на вакви системи и кои се соочуваат со критики за погрешно идентификување на луѓе со потемна боја на кожата. Активистите за заштита на човековите права и вработените во […]

Дерковски не ја коментира задачата добиена од Владата


Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, не сака да ја коментира уредбата на Владата со која од ДИК се бара да почне со подготовка на изборните списоци, а со тоа и на изборите. Според Дерковски, не е добро да коментира пред уредбата да излезе во службен документ и пред да ја види во официјална […]

Денеска се отвора живеалиштето на фламингата во Зоолошка


Денеска ќе биде отворено живеалиштето за фламинга во Зоолошка градина Скопје. Овој проект е изработен со поддршка на градот Скопје и направено е едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа. По тој повод ќе се одржи прес-конференција во Скопје ЗОО, точно пред новото живеалиште за фламинга, во 13 часот. На пресот […]

Нема платежна картичка за студентите на приватните универзитети


Конференцијата на приватни високообразовни установи смета дека Уредбата со законска сила на Владата за издавање домашна платежна картичка, како финансиска поддршка за млади лица, ги става во нерамноправна положба студентите од приватните универзитети. Конференцијата посочува дека во одлуката се опфатени државјани на возраст од 16 до 29 години, кои се ученици во формалното средно образование или […]

Милановиќ: Орбан сонува за унгарска Риека


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ жестоко го нападна денес унгарскиот премиер кажуваќи дека на Виктор Орбан не треба да му се верува кога тврди дека нема претензии кон делови од Хрватска. До тензиите меѓу двете земји дојде откако Орбан во саботата го откри споменикот на „Унгарската калварија“ по повод 100-годишнината од потпишувањето на договорот во Тријанон […]

НЛБ Банка ќе изготви Домашна платежна картичка за 113.000 граѓани, доставата до домашна адреса


Сто и 13 илјади граѓани кои ќе добијат  Домашна платежна картица од НЛБ Банка ќе им биде доставена на домашна адреса на корисникот најдоцна до 18- ти следниот месец. -Сите клиенти кои се распределени во НЛБ Банка за изработка на картички ќе добијат порака од Банката, а со цел точна и навремена достава до нивните […]

Мицотакис: Не постои причина за предвремени избори


Приоритет во овој момент е реорганизација на земјата, нема причина за избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателите на локалните ограноци на Нова демократија, со што ги демантираше шпекулациите дека поради големата предност на партијата на истражувањата на јавното мислење, постои сценарио за предвремени парламентарни избори, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Јанкуловски: „Земам брисеви од новороденчиња поради вашата себичност и неверување во корона вирусот“


Денис Јанкуловски е еден од оние кои зема брисеви на сомнителни случаи на корона вирус. Тој на својот профил на Фејсбук објави дека во последните два дена земал брисеви од 13-дневно и 7-дневно бебе, додека други не веруваат дека вирусот навистина постои.   „Вие сè уште не верувате дека вирусов постои, вие убедувате дека сè […]

САД ја надминаа бројката од 2 милиони заразени, Трамп сепак сака да ги олабави мерките


  Според најновите статистички податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има најмалку 2.000.464 регистрирани случаи на COVID-19, од кои најмалку 122.924 починаа како последица од болеста. Според податоците од Worldometers.info  во САД има 2.066.508 регистрирани случаи, од кои 115.137 смртни случаи и 808.551 оздравен пациент. Психолошката граница од 1 милион заболени беше надмината на […]

Се уриваат статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис 


Статуи на  Кристофер Колумбо и поранешниот претседател на Конфедеративните Американски Држави, Џеферсон Дејвис беа урнати за време на протестите против расизмот и полициската бруталност во сојузните држави Минесота, Вирџинија и Масачусетс. Искршена е главата од статуа на Христофер Колумбо во Бостон, соопшти полицијата синоќа, по повици на демонстранти за отстранување на статуи кои се знак […]

Демократски сојуз: Една изборна единица и отворени листи за да има Албанец премиерЗа


Демократскиот сојуз смета дека во граѓанска држава, каде што сите етнички заедници ги уживаат највисоките човекови права, непримерно е една политичка партија, која ги застапува етничките Албанци, да предлага премиер на македонската Влада исклучиво според неговата етничка припадност. Албанците, како и сите други припадници на помалите етнички заедници во Македонија треба да имаат еднакви шанси […]