САД ја надминаа бројката од 2 милиони заразени, Трамп сепак сака да ги олабави мерките


 
Според најновите статистички податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има најмалку 2.000.464 регистрирани случаи на COVID-19, од кои најмалку 122.924 починаа како последица од болеста.

Според податоците од Worldometers.info  во САД има 2.066.508 регистрирани случаи, од кои 115.137 смртни случаи и 808.551 оздравен пациент.

Психолошката граница од 1 милион заболени беше надмината на 28 април. Исто така е драстично зголемен бројот на хоспитализирани пациенти со COVID-19.


И покрај алармантните бројки, претседателот на САД Доналд Трамп сака да го истера до крај она што тој го замислил – олабавување на мерките и отворање на државата.
Трамп смета дека вирусот и епидемијата слабеат, а ситуацијата на терен е контрадикторна – бројките растат, но расте и стравот од екомска криза, додека трпението на народот слабее.

Во вторникот беа регистрирани 1.299 смртни случаи од COVID-19 во еден ден, а Трамп го заобиколи овој факт и зборуваше за оддавање почит на првите 100.000 жртви во епидемијата во земјата, бројка што беше достигната пред помалку од две недели.
Според податоците од Worldometers.info во светот има 7.461.273 регистрирани случаи на заразени со новиот корона вирус, од кои 419.072 починале како последица од болеста, а 3.780.018 пациенти оздравеле.