Најегзотичните птици – фламинга и во Зоолошката во Скопје


Новото живеалиште за фламинга денеска свечено се отвори во Зоолошката градина во Скопје. Во ова живеалиште ќе живеат 15 фламинга кои се едни од најегзотичните птици. Видот на птиците, како што информира на денешната прес-конференција Тина Мицковска од ЗОО Скопје, е големо или розово фламинго, кои се доста распространети птици. Ги има во Јужна Америка, […]

Вкупнo 28 години затвор за еден македонски државјанин и тројца странци за криумчарење мигранти​


Основниот кривичен суд – Скопје денеска ги прогласи за виновни еден македонски државјанин и тројца странци за криумчарење мигранти​ и ги осуди на вкупно 28 години затвор бидејќи во периодот октомври-ноември 2019 година заедно и по претходен договор прифатиле и засолниле 12 мигранти по потекло од Индија, Авганистан, Пакистан и други земји од Азија во куќа […]

Наместо пазарните инспектори, во кафеаните ќе легитимира финансиската полиција


Пазарните инспектори од денеска ќе вршат контрола на угостителските објекти заедно со претставници на финансиската полиција кои имаат законско право да вршат легитимирање на гостите. Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски ги предупреди угостителите дека овој протокол по барање на Комисијата за заразни болести продолжува да се применува. -Да ги предупредиме угостителите дека и […]

Инспекторите велат дека нема да простуваат ако се прекршуваат протоколите


Засилени контроли и строго постапување на инспекторите кон оние што не ги почитуваат препораките за спречување на коронавирусот најави денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска. На прес-конференцијата во Владата, таа рече дека протоколите не се комплицирани за имплементација и порача дека секое непочитување ќе биде санкционирано. – Се работи за сите нас. Колку повеќе […]

Сандра Булок се омажи по вторпат, на тајна, скромна свеченост


САД – Сандра Булок тајно се венчала со своето момче, холивудскиот фотограф Брајан Рендл (54), а свадбата се одржала на нивниот имот во Калифорнија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, тоа било скромна прослава, само со нивните најблиски роднини и пријатели. Децата на Булок – деветгодишниот Луис и неговата помала сестричка Лајма, биле деверчиња. Глумицата и нејзиниот […]

Пендаровски утре ќе реши за вонредната состојба, за свикување лидерска средба и за изборите


Претседателот на државата Стево Пендаровски утре во претпладневни часови ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите. Од Кабинетот на претседателот за МИА посочуваат дека тој во утрешното обраќање ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија […]

„Тотал гитар“: Брајан Меј е најдобриот гитарист


САД – Читателите на списанието „Тотал гитар“ го прогласија Брајан Меј од британскиот бенд „Квин“ за најдобар гитарист во историјата. – Останав без зборови! Навистина ме изненади ова прво место!, прокоментира Брајан Меј. На топ-листата од анкетата, Џими Хендрикс е на второто место, а Џими Пејџ – трет. Меј истакна дека за него, сепак, најдобриот гитарист […]

ЕК препорача отворање на границите на ЕУ со западниот Балкан од 1 јули


Европската комисија (ЕК) им препорачува на земјите членки на ЕУ да одобрат отворање на границите со земјите од Западен Балкан од први јули, со оглед на добрата епидемиолошка состојба на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија препорачува внатрешните граници на ЕУ да почнат постепено да се отвораат и граничните контроли да запрат […]

За девет дена откриени 680 илегални мигранти на ГП ,,Богородица“


За само девет дена тимот кој се справува со илегална миграција покажа големи резултати откривајќи 878 илегални мигранти кои сакале да влезат во земјава, од кои дури 680 се откриени на овој граничен премин, нагласи заменик дополнителниот министер за внатрешни работи,Славјанка Петровска која денеска беше во работна посета на ГП ,,Богородица“ за да изрази благодарност […]

Чаир повторно со најмногу заразаени од Ковид-19 во Скопје


Во изминатите 24 часа во Скопје е евидентиран 131 новозаразен од корона вирусот Ковид-19, со што бројот на активни случаи се зголеми на 960. Вчера во Скопје има и 12 оздравени од Ковид-19, како и тројца починати. Најголем број од новозаразените 14, повторно се од Чаир. Во Чаир е најголема и вкупната бројка на заразени […]

Нов драматичен скок на заразени – 175 случаи денеска


Македонија доживеа уште еден драматичен скок на новозаразени од Ковид-19, откако последниве денови бројките беа во надолна линија. Во последните 24 часа регистрирани се нови 175 заразени, од кои само во Скопје и Куманово 156, што претставува 89 отсто од сите инфекции. Бројката на новите заразени е драматично зголемување затоа што таа е добиена од […]

Иселување од студентските домови од 15 јуни до 3 јули


Согласно со протоколот за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови, кој Владата го усвои на вчерашната 64-та седница, Државниот студентски дом „Скопје“  соопшти дека иселувањето ќе почне во понеделник. -Процесот ќе започне во понеделник на 15 јуни 2020 и ќе се спроведува во период до 3 јули 2020 година, во работните денови […]

Во Бугарија се намалува ДДВ на храната во рестораните и угостителските услуги од 20 на 9 отсто


Бугарскиот парламент го прифати владиниот предлог за намалување на стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) на храната во рестораните и угостителските услуги, од 20 отсто на девет проценти, почнувајќи од јули. Пониските даноци ќе останат во сила до крајот на 2021 година, како привремена мерка насочена за поддршка на закрепнување на секторот, што тешко […]

Новиот Синдикат на полиција во Македонија ќе бара професионализам и поголеми права за вработените во МВР


Во МВР е формиран и почна официјално со работа трет синдикат, а тоа е Синдикат на полиција во Македонија, информира на денешната прес-конференција претседателот на овој синдикат Орце Коцевски. Тој ги отфрли како неточни и тенденциозни сите наводи дека е овој синдикат е формиран само да биде замолкнат еден друг синдикат во МВР. Акцентот на […]

ЈО: Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка​


Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Општина Сарај за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата. Иницијативата за кривично гонење ДКСК ја […]

Османи: Се уште има простор за договор за датум за изборите, медијацијата на Вархеји е добредојдена


Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвиана од коронавирусот. Се уште верува, дека такви избори се можни на 5 јули. Тој смета дека неговата медијација во утврдување на датум за избори […]

Филипче: Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19


Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19. На нив им следува 40 отсто од последната основна нето-плата, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче. -Како што ветивме никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно […]

Поповски: Имаме заедничка задача вистинските информации да допрат до секој граѓанин


Уредбата на Владата со законска сила за субвенциубирање на придонесите од задолжѓителното социјално осигурување на вработените во медиумите ја потврдува нејзината определба дека тие се еден од столбовите на нејзните политики за поддршката на медиумите и меиумските работници во максимум без никаква селективност и израз на благодарност за посветеноста на новинарите во справувањето со  пандемијата, […]

(Во живо) Прес на Инспекцискиот совет


Денеска, со почеток во 13 часот прес-конференција ќе одржи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова – директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висара Риза – директорка на Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљајдин Хавзиу – директор на Државен инспекторат […]

Словачката полиција елиминира напаѓач во училиште


Словачката полиција денеска соопшти дека убила напаѓач, кој  на мета имал персонал во училиште на северот на земјата, и притоа тој убил едно лице. Полицијата на својата страница на Фејсбук соопшти дека „ситуацијата сега е под контрола“. Нападот се слулчил во градот Врутки. Напаѓачот, убил вработен во училиштето.