Филипче осум пати ѝ одговорил на Димитриеска-Кочоска за кредитот од Светска банка, таа порачува „нејасни се многу аспекти“


Допоолнителната заменик-министерка вели дека останува на ставот да не го потпише договорот за заем од Светска банка во износ од 90 милиони евра Мирче Јовановски Од Министерството за здравство дури осум пати ѝ одговориле на дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на нејзините прашања во врска со кредитот од Светска банка во износ од 90 […]

Ќе се дискутира дали асимптоматските пациенти да се бројат како заболени


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека во рамки на Комисијата за заразни болести следниве денови ќе се дискутира за тоа дали асимптоматските пациенти да се бројат како заболени, со оглед на тоа што одредени земји веќе не ги бројат. Сепак, како што рече, треба и асимптоматските случаи да се имаат во предвид, во […]

Капацитетот на битолската болница со пациенти со корона е целосно исполнет


Директорката на болницата вели дека не е загрозена работата и покрај зголемениот број хоспитализирани од Ковид-19   Битола – Не е загрозена работата на битолската Клиничка болница и покрај тоа што е исполнет капацитетот на хоспитализирани пациенти, а од утре се зголемува тимот на здравствени работници во ковид зоната, изјави за „Независен“ директорката на болницата […]

(Галерија) Погледнете ги фламингата од Скопската Зоолошка градина


Денеска за прв пат, скопјани имаа можност да ги видат фламингата во Скопската Зоолошка градина. Егзотичните птици пред два месеца пристигнаа во Зоолошката, а денеска беше завршено нивното специјално живеалиште. Очекувано, на фламингата најмногу им се израдуваа најмалите, кои и покрај дождливото време беа во посета на Зоолошката градина. Фотографот на „Независен весник“ Борис Грданоски, […]

Од понеделник дополнителен тим доктори и сестри во Клиниката за инфективни болести и во „8-ми Септември“


Од понеделник десет лекари од државата и од клиниките, кои што имаат соодветна експертиза во областа на интерната медицина, пред се пулмологијата, како и десетина медицински сестри, ќе се приклучат на тимовите на Инфективната клиника и во болницата „8-ми Септември“, најави на денешната-прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека за уште една недела […]

Не е загрозена работата на ниту една болница во државата


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата, односно ниту една болница во овој момент не се наоѓа во ризик од ширење на коронавирусот. Како што информира тој на денешната прес-конференција, во болницата „8 Септември“ има 50 пациенти, 35 потврдени, а капацитетот на […]

„Фигаро“: Вo Македонија парламентарните избори во јули


Париз – Владата на Северна Македонија го одреди датумот 5 јули за парламентарните избори, што беа одложени заради корона вирусот, одлука на која се противи десничарската опозицијата, која тврди дека се зголемува заразата со Ковид-19 во земјата. „Фигаро“ објаснува дека Северна Македонија веќе шест месеци е управувана од техничка Влада надлежна за тековни работи во […]

Филипче не гледа потреба од полициски час и продолжување на вонредната состојба


Иако Комисијата за заразни болести препорача воведување полициски час од 22 часот до 5 наутро, Владата одлучи да не воведува карантин, а министерот за здравство  Венко Филипче смета дека нема потреба од воведување полициски час. – Засега нема потреба од воведување на полициски час. Со засилените контроли на терен и правењето на анкети при кои […]

Термички камери на железничките станици во Солун и Атина


Како дополнителна превентивна мерка за мерење на температурата како на патниците, така и на вработените, на железничите станици во Атина и Солун поставени се термички камери, јави дописничата на МИА од Атина. Камерите се поставени на иницијатива на управата на грчката железница и од утре ќе почнат да функционираат. Од грчката железница соопштуваат дека камерите […]

„Ле Фигаро“: Макрон во искушение да поднесе оставка


 Како што пишува денешното издание на парискиот весник „Фигаро“ францускиот претседател Емануел Макрон бил во искушение да поднесе оставка и потоа повторно да побара нов мандат од Французите. Од почетокот на кризата со Ковид—19 Емануел Макрон е под постојан притисок како да ја држи под контрола политичката ситуација. Со оглед на широките овластувања кои ги […]

Излекуваните од Ковид-19 да се пријават за дарување конвалесцентна плазма за да им помогнат на заболените


Сите лица кои се излекувани од Ковид-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, апелира министерот за здравство Венко Филипче во објава на својот ФБ профил. За пријавување, како што посочува, треба да се пополни електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4 -Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излекувана […]

Филипче: Епидемиолозите се соочуваат со отпор за контакти од жариштата во Скопје


За жал епидемиолозите се уште се соочуваат со отпор и недавање контакти во Скопје, каде најголемиот број случаи се од Чаир, рече министерот за здравство Венко Филипе на денешната прес-конференција. Владата има донесено Уредба со која лице кое ја прекршило одлуката за самоизолација или дава погрешни информации за контакти, ќе му се одреди државен карантин […]

На сметката за донации стигнале речиси три милиони евра


Македонските граѓани и компании покажале висока свест за здравствената криза во земјата. Според увидот што го направила Државната комисија за спречување на корупцијата, само во пари на специјалната сметка на Министерството за здравство се слеале речиси три милиони евра (178 милиони денари) донации. Сретствата, според податоците што ги добиле во ДКСК, се бидат инвестирани во […]

(Во живо) Прес на Филипче


Откако денеска беа регистрирани нови 175 случаи на Ковид-19, од кои најголем број во Скопје – 131, министерот за здравство Венко Филипче, закажа прес-конференција во 15.30 часот, на која се очекува да ги презентира следните чекори во справувањето со корона вирусот. Проследете ја во живо:  

Три родилки во Гинекологија „Чаир“ криеле дека имале контакт со заболен од корона вирус


Три родилки кои се породиле во скопската гинеколошка болница Чаир, не кажале дека имале контакт со позитивен на КОВИД-19, а потоа се докажало дека и тие имаат корона вирус. Директорот на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Башким Исмаили за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека 18 медицински работници во моментов се во изолација бидејќи овие […]

Белгија: Во јули врз луѓе ќе се тестира нова вакцина против Ковид-19


Белгиската фармацевтска фирма, Јансенс, најави клинички тестови врз луѓе на нова вакцина против Ковид-19 во текот на јули, односно два месеци порано од очекуваното, јавуваат денеска белгиските медиуми. Според фармацевтската компанија, оваа вакцина има „50 отсто повеќе шанси да биде ефикасна“ против вирусот. Предклиничките тестови врз животни дале охрабрувачки резултати, што ќе овозможи да се […]

МЦМС: Мнозинството граѓани сметаат дека треба да се вратат на работа


Состојбата предизвикана од Ковид-19 беше причина МЦМС да ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Според наодите од истражувањето, вкупно 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјата ќе навлезе во економска криза, а 66 отсто очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно. […]

Сотирова Бухова потврди дека на ГАК и во „Ремедика“ се испочитувани протоколите со „лажната лекарка“


Државниот санитарен и здравствен инспектора (ДСЗИ) ги заврши вонредните инспекциски надзори на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Приватната општа болница „Ремедика“. Се чекаат се уште како дополнување изјавите на докторите сестрите и целокупниот персонал на Клиниката, кој бил на работа на 6 јуни кога во 23:30 часот е примена пациентката која дошла да […]

Почна изградбата на нова водоводна мрежа во Средно Нерези


ЈП „Водовод и канализација“ Скопје и Општина Карпош почнаа изградба на нова улична секундарна водоводна мрежа низ локалитетот Средно Нерези. Како што информираат од „Водовод и канализација“, со оваа реализација ќе се напушти од употреба постоечката мрежа која е од несоодветен материјал и профил и поминува низ дворовите на постоечките објекти а генерално била градена […]

Шпанија го казни белгискиот принц со 10.400 евра поради прекршувањето на мерките за короната


Шпанија го казни белгискиот принц Јоаким со 10.400 евра за кршење на карантинските правила на земјата со присуство на забава во Кордоба минатиот месец, пишува „Ел паис“. Јоаким беше тестиран позитивен на корона вирусот во Белгија, откако присуствуваше на забава со најмалку 27 лица. Белгиските медиуми ја цитираа кралската куќа во тоа време тврдејќи дека […]