(Галерија) Погледнете ги фламингата од Скопската Зоолошка градина


Фото: Б. Грданоски

Денеска за прв пат, скопјани имаа можност да ги видат фламингата во Скопската Зоолошка градина.

Егзотичните птици пред два месеца пристигнаа во Зоолошката, а денеска беше завршено нивното специјално живеалиште.

Очекувано, на фламингата најмногу им се израдуваа најмалите, кои и покрај дождливото време беа во посета на Зоолошката градина.

Фотографот на „Независен весник“ Борис Грданоски, ја забележа восхитеноста на детските лица и грациозноста на фламингата.

Во ЗОО Скопје има 15 фламинга, кои за сега се уште имаат бели пердуви, но како што најавија од зоолошката, за нив се набавува посебна храна, ракчиња, од кои бојата на фламингата станува розова.