Денеска се отвора живеалиштето на фламингата во Зоолошка


Денеска ќе биде отворено живеалиштето за фламинга во Зоолошка градина Скопје.
Овој проект е изработен со поддршка на градот Скопје и направено е едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа.
По тој повод ќе се одржи прес-конференција во Скопје ЗОО, точно пред новото живеалиште за фламинга, во 13 часот.
На пресот ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.
Во Скопје ЗОО, во новата мала лагуна, живеат 15 фламинга.