Левандовски постави рекорд и го однесе Баерн во финалето на купот


Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски го постигна победничкиот гол во полуфиналето на Купот на Германија со Ајнтрахт (2:1).

За 31-годишниот Полјак ова беше рекорден 45. гол за баварскиот тим на 39 натпревари од сезоната.

Претходно, во сезоната 2016/17, Левандовски постигна 43 гола на 47 натпревари.

Во финалето на германскиот фудбалски куп, Баерн ќе игра со Баер Леверкузен.