Конте пред обвинители в петок поради одговорот на коронавирусот во Бергамо


Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека обвинители в петок ќе го сослушаат за одговорот на коронавирусот во Бергамо, северна Италија, што е едно од областите најмногу погодени од коронавирусот во светот.

– Воопшто не сум загрижен, изјави Конте.

– Ќе разговараме в петок и ќе им ги кажам сите факти што ги знам, рече Конте. Додаде дека тој самиот не бил под истрага.

Обвинителите истражуваат зошто Бергамо и околината не биле затворени порано при пандемијата и веќе го испрашувале претседателот на покраината Ломбардија каде што е Бергамо и министерот за здравство на Ломбардија.

Новиот коронавирус е потврден кај 235.763 лица во Италија, со 34.114 смртни случаи.