Избори за ректор на УКИМ – бојкот на кандидати, оставки во комисијата, претставки од синдикатот


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за денеска се закажани избори за нов ректор кои треба да ги спроведат изборните комисии на единиците на УКИМ. Иако Универзитетската изборна комисија (УИК) утврди конечна листа со седум кандидати за ректор за мандатниот период 15 септември 2020 – 15 септември 2023, а и нивните програми за работа се објавени […]

Почнуваат со работа теретаните и вежбалните, од денеска угостителските објекти можат да работат и во внатрешноста


Угостителските објекти од денеска можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа, а се дозволува и работа на теретаните и вежбалните, додека моловите ќе можат да работат и во неделите. Ова го овозможува Уредбата што ја донесе Владата на својата 72-ра седница во вторникот врз основа на препораките на Комисијата […]

Границите од денеска отворени без обврска за тест и карантин


Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин. Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат […]

Се соочуваме со посилен бран на вирусот, СЗО верува дека ситуацијата може да се стави под контрола


Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Нови 135 случаи на заразени од КОВИД 19 регистрираше вчера Министерството за здравство. Здравствениот билтен евидентираше и шест починати лица и 75 оздравени пациенти. Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано вчера изрази загриженост од она што се случува во земјава, но смета дека ситуацијата […]

Сончево и топло


Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје претпладне сончево, преку денот потопло […]

Викенд


ЛЕЈЛА САБИТ Работата ја делиме со сите, ама викендот е само наш, интимно, скапоцено време, кое го криеме од очите на јавноста. Сами, во двојка, во друштво, со семејството, со пријателите, со познати или со непознати, во природа, дома, во кревет пред ТВ или со книга, пеш, со кола или на велосипед. За некој викенд […]

Челси го победи Сити, Ливерпул е шампион на Англија!


Заврши долгото чекање на Ливерпул! Иако без игра, „црвените“ се шампиони на Англија за прв пат од 1990 година, откако Челси на домашен терен го совлада Манчестер Сити со 2:1 и ги детронираше. Така, разликата помеѓу тимот од Мерсисајд и „граѓаните“ остана 23 поени, со тоа што остануваат само 7 натпревари до крајот на сезоната […]

Почина ресенчанецот заболен од корона за чие оздравување се бараше крвна плазма


На 40-годишна возраст, вечерва во Градската болница „8 Септември“ почина ресенчанецот кој боледуваше од Ковид-19, а за чие заздравување на социјалните мрежи за бараше крвна плазма. Оваа вест вечерва беше споделена во една од групите на социјалните мрежи, каде членуваат жителите на Ресен и Преспа. Станува збор за Илче Котевски, претседател на РК Преспа. Котевски […]

Алијансата за Албанците и Алтернaтива во Тетово ги претставија кандидатите за пратеници


ТЕТОВО – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива вечерва одржа промотивната конвенција за кандидати за пратеници на тетовскиот плоштад. Претседателот на Алијана за Албанците, Зијадин Села, порача дека промената на власта ќе значи и промена на политичкиот менталитет и раководењето со земјата. Тој потенцира дека ќе бара пропорционална застапеност во местата според структурата на населението. […]

Се поништуваат сите решенија за домашна изолација и државен карантин од 13 јуни


Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот од 13 до 25 јуни годинава за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат, информираат од Владата. Главниот координативен кризен штаб, соопштија од владината прес-служба, достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со […]

Министерство за финансии по грешка исплатило 1,4 милијарда долари државна помош за милион мртви Американци


Американското Министерство за финансии по грешка испратило чекови со државна помош на адресите на повеќе од милион мртви Американци, откриваат набљудувачите во Конгресот, пишува „Вашингтон пост“. Оваа вест е потврдена и од Државната агенција за надзор (ГАО). Вкупната сума на пари што се испратени на адресите на веќе починатите е речиси 1,4 милијарда долари, соопшти […]

ФИФА дава 1,5 милијарди долари на фудбалските федерации за борба против пандемијата


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 1,5 милијарди долари за да им помогне на националните федерации да се справат со ефектите од пандемијата на коронавирус, соопштија од организацијата. Секоја од 211 федрации, членки на ФИФА, ќе добие грант од 1 милион американски долари. За развој на женскиот фудбал ќе бидат доделени дополнителни грантови од 500.000 […]

Нема правни пречки за смена на Арбен Зибери, вели Антикорупциска


Откако денеска министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека ќе побара смена на директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, Антикорупциската комисија соопшти дека не постојат правни пречки за ваквиот потег. Зибери, кој е кандидат на ДУИ за пратеник во Првата изборна единица, на Фејсбук се пофали дека издејствувал Комисијата за заразни болести да […]

(ВИДЕО) Заев: Не сме Северна Тунгузија туку Северна и единствена Македонија


Сите ние сме минливи само Охрид е вечен и неповторлив, порача вечерва и му се поклони на градот „бисер“, лидерот на СДСМ Зоран Заев во рамките на предизборниот митинг организиран со дистанца, но со поглед на езерото. -Ќе дојде време, ќе ги фрлиме маските, но што ќе прават нашите противници со постојаните маски што ги […]

СЗО објави листа од 11 европски земји со „забрзан пренос” на корона вирусот, меѓу нив и Македонија


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека за првпат во последните неколку месеци во Европа се забележува зголемување на неделно ниво на бројот на случаи на заразени со коронавирус. „Забрзан пренос е регистриран во 11 европски земји, во кои е предизвикан значителен раст на заразени,  што доколку се остави без надзор повторно ќе ги уназади  здравствените […]

Франција и Германија подготвени да бидат домаќини во Париз на дијалогот меѓу Белград и Приштина


Франција и Германија очекуваат наскоро да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, а францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, и натаму се подготвени да бидат домаќини на самит во Париз, јави  француската амбасада во Приштина на својот профил на Твитер. Српскиот претседател Александар Вучиќ ниту ги потврди, ниту ги демантираше, информациите […]

Никола Димитров: Мора да го завршиме тоа што го почнавме


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е и носител на изборната листа на коалицијата на СДСМ и Беса во Првата изборна единица, вечерва изјави дека макеоднската држава мора да го заврши она што го почна со влегувањето во НАТО и добивањето зелено светло за почеток на преговори со ЕУ. „Да ја ставиме државата на […]

(ВИДЕО)Мицкоски: Со нас Македонија ќе се движи во вистински правец


Лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани порача дека на 15 јули ќе се стави крај на , како што вели, вирусот Зоран Заев, а потоа ќе почне обновата на државата. -Време е Република Македонија да започне да се движи по вистинскиот правец, а тоа ќе биде заедно со ВМРО-ДПМНЕ, уверуваше Мицкоски. -На 15-ти јули […]

Дуковски тврди дека некој му се заканувал на Боки 13


Адвокатот Сашо Дукоски тврди дека денеска пред давањето исказ во Јавно обвинителство имало закани кон Бојан Јовановски на неговиот телефон. Непознат машки глас околу 10 часот и 50 минути се јавил на мобилниот телефон на Дукоски и почнал да се заканува и да го навредува Јовановски. -Ми рече нека пази добро што зборува таму каде […]

Акционерите на „Луфтханза“ го прифатија планот за финансиска помош на германската Влада


Акционерите на „Луфтханза“ денеска изгласаа германската Влада да преземе 20-процентен удел во компанијата, отворајќи го патот за доделување девет милијарди евра државна помош за кризата што пандемијата на коронавирусот ја погоди најголемата германска  авиокомпанија, јави ДПА. Претходно во текот на денов медиумите јавија дека авиокомпанијата, која е сопственик и на други авиокомпании, како што „Свис“и […]