(ВИДЕО)Мицкоски: Со нас Македонија ќе се движи во вистински правец


Лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани порача дека на 15 јули ќе се стави крај на , како што вели, вирусот Зоран Заев, а потоа ќе почне обновата на државата.

-Време е Република Македонија да започне да се движи по вистинскиот правец, а тоа ќе биде заедно со ВМРО-ДПМНЕ, уверуваше Мицкоски.

-На 15-ти јули е нашата шанса да го сонуваме сонот кој што сакаме да го сонуваме, но најпрвин треба нив да ги победиме. Најпрвин треба оваа пандемија да ја победиме. И затоа секогаш зборуваме отворено и искрено и за нашите слабости. Затоа што човекот е голем онолку колку што може да ги признае и сопствените слабости. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата и најорганизираната политичка партија во нашата држава научив да живеам со слабостите на луѓето. Но, луѓето не треба да научат да живеат со слабостите на властодршците. Затоа што народот е тој кој што дава и тој кој што зема. На 15-ти јули јас сум убеден во мудроста на Вевчани и убеден сум во мудроста и храброста на граѓаните на нашата Македонија дека ќе излезат масовно и масовно ќе ја поразиме оваа пандемија која што ја донесе ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, а потоа ќе ги засукаме ракавите и ќе си ја обновиме државата“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека во Македонија поради СДСМ криминалот и корупцијата станале секојдневие.

„Три години имаа можност да направат нешто и три години имаа можност да докажат дека можат. Они докажаа само една работа, дека можат да го загубат достоинството, и докажаа дека можат да ја загубат честа и честитоста и да ја подвиткат кичмата на Македонецот“, рече Мицкоски.

Мицкоски запраша каде е ветениот чист воздух на СДСМ, дали се справија со пандемијата?

-За жал, рече тој, секој ден гледаме троцифрени броеви на новозаразени граѓани и за жал рекордери сме во Европа по бројот на луѓе кои што се инфицирани од Ковид-19, рекордери сме по починати од истиот вирус. Оваа власт не знаеше да ги заштити нашите граѓани од корона вирусот, порача Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/589934451918335/