Никола Димитров: Мора да го завршиме тоа што го почнавме


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е и носител на изборната листа на коалицијата на СДСМ и Беса во Првата изборна единица, вечерва изјави дека макеоднската држава мора да го заврши она што го почна со влегувањето во НАТО и добивањето зелено светло за почеток на преговори со ЕУ.

„Да ја ставиме државата на шини и да ја закачиме за локомотивата што оди напред, а тоа е СДСМ  под лидерство на Зоран Заев“, изјави Димитров за Сител.

Според него, тој во оваа кампања ќе се занимава со прашањата, проблемите, решенијата, со идеалите и со визија и нема да се занимава со опозицијата. „За мене ВМРО ДПМНЕ е завршена приказна. Мора да ставиме точка на последните рецидиви на тој режим што доведе до тоа ЕК да нѐ нарече заробена држава“, рече Димитров.