Акционерите на „Луфтханза“ го прифатија планот за финансиска помош на германската Влада


Акционерите на „Луфтханза“ денеска изгласаа германската Влада да преземе 20-процентен удел во компанијата, отворајќи го патот за доделување девет милијарди евра државна помош за кризата што пандемијата на коронавирусот ја погоди најголемата германска  авиокомпанија, јави ДПА.

Претходно во текот на денов медиумите јавија дека авиокомпанијата, која е сопственик и на други авиокомпании, како што „Свис“и „Аустиа Ерлајнс“, е на пат да го изгласа договорот, откако најголемиот акционер Хајнц-Херман Тиле за дневниот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг најави дека ќе гласа за него.

Синдикатите исто така додадоа дека договорот вклучува четири години заштита на кабинскиот екипаж од отпуштање од работа.