Алијансата за Албанците и Алтернaтива во Тетово ги претставија кандидатите за пратеници


ТЕТОВО – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива вечерва одржа промотивната конвенција за кандидати за пратеници на тетовскиот плоштад. Претседателот на Алијана за Албанците, Зијадин Села, порача дека промената на власта ќе значи и промена на политичкиот менталитет и раководењето со земјата. Тој потенцира дека ќе бара пропорционална застапеност во местата според структурата на населението.

„Сакаа да нѐ вовлечат во политичката игра наречена оштество за сите, но нема да успеат. Ние заедно со Алтернатива ќе бидеме ваши претставници, засновани на нашата определба. Албанците во 2016 веруваат дека ќе се урне режим, пола од режимот падна. Нашата коалиција ќе донесе промена и пад и на другиот дел од режимот. Нема да дозволиме нашиот јазик да биде нарекуван јазикот на 20 проценти, туку албански јазик во законот за јазици“, рече Села кој е носител на листата во шестата изборна единица.

Лидерот на Алијанса истакна дека на 15 јули Албанците ќе го пратат Али Ахмети во опозиција.

„Ахмети 18 години беше на власт и не успеа да ги одбрани интересите на Албанците и сега бара Албанец премиер. Во овие 18 години ти беше премиер на Албанците и имаше на располагање буџет од 60 милијарди и не успеа да обезбедиш елементарни услови за Албанците како училишта и градинки“, рече Села.

Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, кој ќе биде носител на листа во Изборната единица 2, истакна дека ова не е обична конвенција, туку кампања која ќе донесе промена во политиката.

„Не се занимавав со политика, но многуте неправди ме натерааа на овој предзивик. Секое семејство има некого на печалба и тоа мора да се смени. Да направиме живот добар како во европските земји. Ова не се само избори, туку и референдум, а прашањето е дали сакате уште наши деца да се иселат или да имаат еднакви услови како во ЕУ“, рече Гаши.

Според него, главен столб на владеење ќе бидат искреноста и службата на народот. Пред присутните зборуваат и дел до кандидатите за пратеници и носители на листите Беким Татеши, Ваљбона Река, Скендер Реџепи и Сурија Рушиди. (МИА)