Повторно претставник на нашата земја е европски вицешампион на Европскиот квиз на парите


Христијан Андовски од Велес го освои второто место на годинешното издание на најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација   На најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација, вторпат по ред се случи голем успех за нашата земја. Европската банкарска федерација (ЕБФ) ги објави победниците на годинешното издание на европското финале на Европскиот […]

Италија забрани кабински куфери во авионите


Од денеска во Италија е забрането внесувањето кабински куфери во авионите, што претставува една од заштитните мерки за време на пандемијата на коронавирусот,  соопшти  италијанската Управа за цивилно воздухопловство – ЕНАК. Почнувајќи од денеска на појдовните и дојдовните летови на домашните и меѓународните авиокомпании во Италија нема да им бидат дозволени кабински куфери, туку само […]

Србија: Ситуацијата се влошува, да се затворат ноќните клубови


Епидемиологот Предраг Кон вели дека ситуацијата со корона вирусот во Србија се влошува, а дека во Белград е веќе заканувачка. „Се тестираат се повеќе луѓе. Има заболени во студенските домови, а последниот податок е дека 91 се позитивни, веројатно и тоа се менува“, вели Кон, кој е член на Кризниот штаб. Наведе дека во моментот […]

Боки 13 се обложи на Христијан Мицкоски


ЕРОЛ РИЗАОВ ВМРО-ДПМНЕ експресно застана во одбрана на Боки 13 со силни симпатии на вмровските медиуми кон довчерашниот „сдсмовски рекетар“. Што ти е битка за власт. Денес си криминалец и рекетар, а утре херој и невина жртва   Бојан Јовановски, алијас Боки 13, најпознатиот осуденик во земјава, прв ја отвори предизборната обложувалница. Своите девет години […]

Во април 68,1 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во април годинава во земјава вкупно биле потрошени 587.015 мегават часови електрична енергија, 12,512 милијарди нормални кубни метри природен гас, 398.917 тони јаглен и 76.898 тони нафтени продукти. Од потрошената електрична енергија 68,1 отсто е од домашно производство, додека 96,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот


Aвстрија – Кризата поради коронавирусот сериозно ги погоди најбогатите луѓе во Австрија. Во оваа земја има 41 милијардер, а последиците од кризата врз цената на акциите и дивидендите, се бројат во милијарди евра. На годишно ниво, нивните средства паднаа за девет отсто, или вкупно 15 милијарди – на 155 милијарди евра. Годинешниот список на 100 најбогати Австријци […]

Агенцијата за лекови на ЕУ го препорача „ремдесивир“ за корона вирусот


Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот „ремдесивир“ за пациенти со корона вирус. „Ремдесивир е првиот лек против Ковид-19 што се препорачува за употреба во ЕУ“, соопшти Агенцијата. Препораката која треба да биде разгледана од Европската комисија, се однесува на третман на заразени со корона вирус, односно возрасни и млади од 12 години кои […]

Регистрирани 672 прекршоци за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци. Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19. 

ДСЗИ го запре извршувањето на решенијата за самоизолација и карантин


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера донесе одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 до 25 јуни 2020 за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РСМ со негативен PCR тест на Covid-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени […]

Во Лисабон вонредни мерки до 14 јули


Од 1 до 14 јули во 19 локални заедници на поширокото подрачје на Лисабон ќе бидат во сила вонредни мерки поради епидемијата со новиот коронавирус, соопшти португалската Влада. Жителите на одредените делови на Лисабон, меѓу кои и од строгиот центар на градот, ќе можат да излезат од домовите само за да купат неопходни производи и […]

Трет ден кампања за парламентарните избори 2020


Трет ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020. Партиите продолжуваат со своите активности, кои се одвиваат паралалено и на социјалните мрежи и со посета на градовите и на населените места во земјата. Од терен и од снимките се гледа дека партиите се обидуваат да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Лидерите се […]

„Новартис“ казнета поради корупција и мито


САД– Светската фармацевтска компанија „Новартис“ со седиште во Базел, Швајцарија, е казнета за корупција и подмитување на лекари, болници и клиники во Грција и во Виетнам со цел на пациентите да им се препишуваат нејзините лекови и да се користи нејзината хирушка опрема. Министерството за правда на САД соопшти дека „Новартис“ во Грција се согласи […]

Билт: Тачи ќе биде уапсен доколку обвинението биде потврдено


Косово – Поранешниот шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него. Во изјавата за „ГЗЕРО Медиа“, тој оцени дека доколку има судење, заштитата на сведоците ќе биде „поголем проблем“, пренесе синоќа Косово онлајн. -Ако обвинението, што е објавено, биде потврдено, тогаш тој ќе се соочи […]

„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“


Aнглија– Администрацијата на САД веќе подолго време подготвува план за преземање на европските компании „Ериксон“ и на „Нокиа“ од американски технолошки и телекомуникациски конзорциуми со цел вештачки да ја засили конкуренцијата со кинеската телекомуникациска корпорација „Хуавеј“, објави „Волстрит џурнал“. Весникот наведува дека планот не е реализиран поради пандемијата со новиот коронавирус. „Волстрит џурнал“ наведува дека […]

Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн


Англија – Речиси една година по неговото апсење, основан е Фондот за жртвите на сексуална злупотреба на милионерот Џефри Епстајн. Жртвите на овој начин ќе можат да бараат надомест на штета од неговото богатство кое тој го остави по смртта. Пред годинашните загуби на финансискиот пазар, тоа се проценуваше на околу 636 милиони долари. Многу од […]

Бил Гејтс не верува во ефикасноста на вакцината против Ковид-19


САД –  Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, предупреди дека вакцината против коронавирусот може да не биде многу ефикасна како бариера за ширење на инфекцијата. Во интервју за Си-Ен-Ен тој го објасни својот песимизам на следниов начин: „Кога развиваат вакцина истражувачите се водат од две карактеристики – превенција на болеста со вакцинацијата и спречување на пренесување на […]

Во Бразил за еден ден регистрирани 39.483 новозаболени лица


Бразил– Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство. Со тоа вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 1.228.114 лица, со што Бразил  е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на […]

Марами со принт на дела од врвни македонски сликари станаа хит


Најновата идеја на колективот на Националната галерија на Македонија, за “уметнички“ бандани, поточно марами со принт на уметнички дела, главно од врвни македонски сликари, предизвика огромен интерес кај љубителите на уметноста, не само од Скопје, туку и пошироко. Како што велат вработените во објектите под капата на Националната галерија, каде што од вчера овие марами […]

Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари


Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за посетители поради коронавирусот. „Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи […]

Чадиковски : Новинарот има право на слободна проценка дали да известува од настан, на кој не се почитуваат протоколите


Новинарот има право на слободна проценка и во случаите дали воопшто треба да известува од настан за кој проценува дека е од висок ризик, односно дека партијата свесно или несвесно го доведува во прашање здравјето на новинарот. Ова не е прашање на бојкот, ова е прашање дали некоја политичка партија ја потценува вашата новинарска интелигенција. […]