Австрија со пад на БДП од 7 отсто и рекордна стапка на невработеност


Пандемијата на коронавирусот на Австрија и донесе досега невиден пад во економијата од седум проценти, со рекордна стапка на невработеност и буџетски дефицит од околу 10 проценти, прогнозираат економските институти Вифо и ИХС. „Тоа ќе биде длабока, но кратка рецесија“, истакна институтот Вифо, додавајќи дека растот е ограничен на само два квартала, така што економијата […]

Разрешен в.д. директорот на ЦЈЗ-Скопје, Зибери, за нов вд директор назначен Александар Стојанов


Министерството за здравство соопшти дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери. – Зибери е разрешен заради пласирање неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со корона вирусот, наведуваат во […]

Нема преминување на граничен премин Јажице зошто не работи косовската страна


Граничниот премин Јажинце кон Република Косово од ноќеска на полноќ е подготвен за работа, но нема преминувања на границата со оглед на тоа што не не функционира косовскиот премин. Поради тоа и луѓе кои со возила сакале да заминат за Косово биле вратените од полицијата на преминот. – Ние сме подготвени за работа но нема […]

(Во живо) Прес на Филипче и Манчевски


Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче и на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, закажана е за денеска во 13 часот. Проследете ја во живо:

Српски државјанин обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот


Основното јавно обвинителство Скопје до судот поднесе обвинителен предлог против државјанин на Република Србија кој со камион на 18 јуни годинава предизвикал сообраќајна несреќа на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје во која животот го загубил мотоциклист. Обвинетиот како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот […]

На граничниот премин Делчево мирно на првиот ден од отворањето на границите


Првиот ден од отворањето на границите, на граничниот премин Делчево, минува без поголема сообраќајна фреквенција. Од утрово, како што информираат надлежните, непречено функционира товарниот сообраќај, додека патничкиот сообраќај е релативно слаб. -На нашиот граничен премин е релативно мирно. Непречено функционира товарниот сообраќај, додека движење и поминување на границата со патнички автомобили речиси и да нема, […]

Првпат од 2015 година зголемен бројот на барања за азил во ЕУ


Белгија – Бројот на барања за азил во Европска Унија во 2019 година првпат бележи пораст од мигрантската криза во 2015 година, а повеќе од половина барањата примиле Германија, Франција и Шпанија, се наведува во извештајот на Европската канцеларија за поддршка на азилот (ЕАСО). Минатата година околу 740.000 барања за азил се поднесени во ЕУ, што […]

За викендот пороен дожд, грмежи и ветер, од понеделник многу топло


За време на викендот синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Нестабилното време особено ќе биде застапено во западните делови од земјава. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст така што во среда максималната температура ќе достигне до 39-тиот степен. […]

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на Општа болница во Гостивар


Во ова неизвесно време кога сите се трудиме да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најмили, кога здравствените работници и сите здравствени институции силно стојат во првите редови во борба против пандемијата од КОВИД-19 вирусот, се чувствуваме обврзани да пружиме помош онаму каде што е најпотребно. Автомат клубовите „Адмирал“ кои се дел од […]

Донација од „Алкалоид“ за „Кинотека“


Кинотеката доби донација од „Алкалоид“ АД Скопје во форма на средства за одржување хигиена. Во време на засилени мерки кои налагаат стриктно следење, меѓу друтото, и на протоколите за хигиена и дезинфекција, овој наш домашен фармако-хемиски гигант не заборави на институцијата која се грижи за нашето национално аудиовизулено наследство. „Алкалоид“ и „Кинотеката“ се стари пријатели. […]

ССМ: Работодавачите на почетокот на јули да исплатат регрес за годишен одмор


Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавачите согласно Колективните договори да исплатат регрес за годишен одмор на почетокот на јули кога и најголем дел од работниците го исполнуваат условот за добивање регрес за годишен одмор со работење најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа […]

Спасовски: Инспекциите ќе проверат зошто има поскапувања на некои домашни производи


Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека веќе им дал налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички. Според Спасовски, зголемувањето на цените кое го има во некои продавници, не може да биде никако врзано со платежната картичка зашто со неа се зголемува куповната […]

Советот за безбедност на ОН му го продолжи мандатот на Серж Брамерц


Советот за безбедност на Обединетите нации му даде нов мандат на Серж Брамерц како обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови. Одлуката на Советот за безбедноста на ОН стапува на сила на 1 јули, а мандатот ќе трае до 30 јуни 2022 година, пренесува агенцијата Анадолија. Брамерц е обвинител во Механизмот од 1 март […]

Филипче: Неопходен е дијалог на сите општествени нивоа и обединување во борбата со корона вирусот


Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот. Во таа насока, соопштија од Министерството за здравство, се иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници. – Борбата со вирусот […]

Лансирањето на роверот „Упорност“ на Марс е одложено за 22 јули


Испраќањето на роверот „Упорност“ (Perseverance) на Марс е одложено за 22 јули годинава, како резултат на проблеми со опремата за поддршка од Земјата, соопшти НАСА. Проблемот е откриен при поставувањето на вселенското возило во заштитната обвивка што ќе оди на врвот на ракетата Атлас 5. „Речиси сме подготвени. Но, потребно ни е дополнително време за […]

Туристичките водичи бараат поддршка од државата и протоколи за работа 


Неодложно изнаоѓање начин за финансиска поддршка посебно на оние што не остваруваат дополнителна дејност, зацврстување на институционалниот дијалог и изготвување протоколи за работа, бара Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) при Сојузот на стопански комори. Потпретседателот на МАТВП, Елвир Садиковиќ денеска на прес-конференција рече дека веќе четврти месец секторот трпи големи финансиски загуби поради […]

Претставничкиот дом на Конгресот го одобри прелог законот на демократите за реформа на полицијата


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го одобри предлог законот на демократите за полицискат реформа, испраќајќи ја одлуката до Сенатот и покрај противењето на претседателот Доналд Трамп и неговите републикански сојузници. Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, гласаше со 236 „за“ наспроти 181 „против“, главно според партиските насоки, во прилог на донесување на […]

Лифтовите потенцијални жаришта на Ковид-19 – да се вградат УВ системи


Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите. И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема […]

Бела чума – лани починале 600 лица повеќе отколку што се родиле


Според податоците на Државниот завод за статистика во земјава лани се регистрирани 19.845 живородени и 20.446 умрени лица, со што природниот прираст е негативен и изнесува – 601. Бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти 8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја. […]

Заборавија дека се бројат жртви – илјадници Англичани на плажа, интервенираше полицијата


  Десетици илјади Британци се собраа на плажите на Борнмаут и дел од брегот Дорсет, не почитувајќи фи насоките од властите за држење дистанца поради пандемијата од корона вирус. Британците очигледно заборавија дека се уште се бројат жртви во болниците и поради врелиот ден заминаа на плажа да уживаат и да се разладат. Локалните власти […]