Заборавија дека се бројат жртви – илјадници Англичани на плажа, интервенираше полицијата


 

Десетици илјади Британци се собраа на плажите на Борнмаут и дел од брегот Дорсет, не почитувајќи фи насоките од властите за држење дистанца поради пандемијата од корона вирус. Британците очигледно заборавија дека се уште се бројат жртви во болниците и поради врелиот ден заминаа на плажа да уживаат и да се разладат.
Локалните власти брзо реагираа и запрепастени се од сцените во Борнмаут и „неодговорното однесување на толкав број луѓе“, откако температурата на југот на Англија надмина 33 степени Целзиусови, а илјадници заминаа на плажа.

„Многу луѓе одлуија да бидат не само неодговорни, туку и опасни. Направивме таков напредок во борбата против пандемијата – не би сакал да видам дека Бонмаут станува место од кое ќе почне вториот бран“, рече парламентарецот Тобијас Елвуд, претставник на Борнмаут за „гардијан“.

Елвуд на Твитер напиша дека во Борнмаут е прогласена посебна состојба и наведе дека е побарано од министерот на полицијата да се пратат дополнителни сили ако има потреба.

Шефицата на локалната полиција Сем де Реја порача дека луѓето треба да ги зибегнат плажите со оглед на времето во кое се наоѓаме.

„јасно е дека сме и понатаму во здравствена криза и толку голем број луѓе на едно подрачје дополнително ќе ги оптовари ресурсите на итните служби“, рече Де Реја за Би-би-си.

Полицијата очајнички ги молеше луѓето вчера да си заминат и да размислат два пати пред да заминат на плажа, наведува „Дејли мејл“. Во меѓувреме издадени се 558 казни за паркирање, што е рекорден број во толку кус период на едно место.

Од плажата подоцна подигнати се 33 тони ѓубре, а забалежано е и илегално кампување и антисоцијално однесување – пијани посетители дури и се тепале.