Донација од „Алкалоид“ за „Кинотека“


Кинотеката доби донација од „Алкалоид“ АД Скопје во форма на средства за одржување хигиена. Во време на засилени мерки кои налагаат стриктно следење, меѓу друтото, и на протоколите за хигиена и дезинфекција, овој наш домашен фармако-хемиски гигант не заборави на институцијата која се грижи за нашето национално аудиовизулено наследство.

„Алкалоид“ и „Кинотеката“ се стари пријатели. Нашата инсититуиција во изминативе години повеќепати има добино донации од „Алкалоид“ во форма на производи или финансиски средства наменети за организација на проекции, настани и промоции. Оваа последна донација ќе придонесе за одржување на просториите на Кинотеката, во исчекување на летното кино на што забрзано работиме, и за успешно намалување на опасноста од пандемијата што не’ натера да се прилагодиме на поинаков начин на работа и комуникација со граѓаните и кинотечната публика.