Автомат клубовите „Адмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на Општа болница во Гостивар


Во ова неизвесно време кога сите се трудиме да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најмили, кога здравствените работници и сите здравствени институции силно стојат во првите редови во борба против пандемијата од КОВИД-19 вирусот, се чувствуваме обврзани да пружиме помош онаму каде што е најпотребно.

Автомат клубовите „Адмирал“ кои се дел од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија донираа дезинфикциони средства во ЈЗУ Општа Болница во Гостивар, во износ од 20.000,00 евра. Претходниот период во оваа иста болница компанијата донираше и електронски болнички кревети, се со цел полесно да се справи со зголемената бројка на примени пациенти заразени од КОВИД-19 вирусот.

Оваа донација е дел од хуманитарна акција на повеќе компании, членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија кои донираа болнички кревети и дезинфикциони средства во пет различни здравствени институции во нашата држава. Донираните средствата од целата хуманитарна акција се во износ од 200.000,00 евра.