Агенцијата за лекови на ЕУ го препорача „ремдесивир“ за корона вирусот


Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот „ремдесивир“ за пациенти со корона вирус.

„Ремдесивир е првиот лек против Ковид-19 што се препорачува за употреба во ЕУ“, соопшти Агенцијата. Препораката која треба да биде разгледана од Европската комисија, се однесува на третман на заразени со корона вирус, односно возрасни и млади од 12 години кои имаат пневмонија и имаат потреба од дополнителен кислород.

Притоа се цитира студија спроведена од ЕМА која покажала дека пациентите со корона вирус и третирани со овој лек се опоравиле побрзо од другите пациенти кои не земале антивирусен лек. Инаку, овој лек првично е развиен како лек против хеморагична треска од ебола во лабораторијата на американскиот производител „Гилеад“.

Употребата на „ремдесивир“ што се користи за лекување на ебола е дозволена во болниците во САД и Јапонија.