Србија: Ситуацијата се влошува, да се затворат ноќните клубови


Епидемиологот Предраг Кон вели дека ситуацијата со корона вирусот во Србија се влошува, а дека во Белград е веќе заканувачка.

„Се тестираат се повеќе луѓе. Има заболени во студенските домови, а последниот податок е дека 91 се позитивни, веројатно и тоа се менува“, вели Кон, кој е член на Кризниот штаб.

Наведе дека во моментот постојат 12 помали кластери, а дека голем број луѓе, 57 отсто, не знаат каде се заразиле.

„не се гледаат знаци дека ќе има брзо подобрување“, рече Кон и додаде дека пред нив се случувања во кои може да дојде до влошување на инфекцијата, приемните испити на факултетите, матурски и свадби.

Како место за интензивно ширење на заразата ги наведе ноќните клубови, па вели дека се размислува за прекин на работата на овие локали, како и намалување на работата на другите угостителски објекти.

„Подобро тие мерки што поскоро да се донесат отколку да се чека да се влоши ситуацијата“, вели Кон.