Почина ресенчанецот заболен од корона за чие оздравување се бараше крвна плазма


На 40-годишна возраст, вечерва во Градската болница „8 Септември“ почина ресенчанецот кој боледуваше од Ковид-19, а за чие заздравување на социјалните мрежи за бараше крвна плазма. Оваа вест вечерва беше споделена во една од групите на социјалните мрежи, каде членуваат жителите на Ресен и Преспа. Станува збор за Илче Котевски, претседател на РК Преспа.

Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој остави траги во историјата на спортот во Македонија. Од него на социјалните мрежи веќе се простуваат неговите најблиски и соработниците.

„Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел, секогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме опаката болест. Жалта е многу голема пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, се вели во последниот поздрав објавен во групата.

Инаку, докторот Мирослав Бошковски деновиве донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен.